Мокриево
Мокриево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Мокриево | |
Поглед кон Мокриево | |
Координати 41°22′30″N 22°50′18″E / 41.37500° СГШ; 22.83833° ИГД | |
Општина | Ново Село |
Население | 678 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2435 |
Шифра на КО | 27040, 27540 |
Мокриево на општинската карта Атарот на Мокриево во рамките на општината | |
Мокриево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиМокриево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 340 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 22 километри.
Историја
уредиСреден век
уредиПостојат две верзии за потеклото на името Мокриево. Едната е дека потекнува од грчкиот збор „макро“, што значи големо или долго, а втората дека потекнува од зборот „мокро“, со значење место богато со вода.
Над селото се наоѓа разурната кула, која народот ја нарекува Пирго, сметајќи дека потекнува од времето на Цар Самуил и Беласичката битка од 29 јули 1014 година. Поради тоа, секоја година на 10 август (29 јули според стариот календар), сите жители се искачуваат на Пирго, каде што се наоѓаат и трите стари јавори (еден од јаворите неодамна бил исечен) од времето на битката.
Селото првпат е споменато во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога било подарено на светогорскиот манастир „Свети Панталејмон“.
Отоманско Царство
уредиЈугославија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во почетокот на XX век, селото било со мешано население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Макриево е наведено како село со 60 домаќинства и 198 жители Македонци и 36 Турци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мокриево живееле 1.880 жители, од кои 980 Турци и 900 Македонци.[4]
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 784 Македонци, патријаршисти[2][5] и функционирало грчко училиште.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 450 Турци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.211 жители, од кои 1.204 Македонци, 3 Срби и 4 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 678 жители, од кои 625 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 51 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.880 | 784 | 1.495 | 1.640 | 1.381 | 1.471 | 1.497 | 1.484 | 1.324 | 1.211 | 678 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Образование
уредиВо 1870 година, основано е првото училиште во селото. Во почетокот на XX век, постоеле две училишта: патријаршиско (грчко) и егзархиско (бугарско). Денес во селото функционира четиригодишно училиште ОУ „Видое Подгорец“, во склоп на ОУ „Видое Подгорец“ од Колешино.
Општествени установи
уредиМокриево има сопствена пошта, здравствена станица, ветеринарни станици, матично одделение, месна заедница, дом за разонода формиран од луѓето кои се иселиле во странство.
Селската црква „Свети Пантелејмон“ била изградена во 1870 година. Тоа може да се заклучи од натписот на дарителите. Таа била зографисана во 1874 година, од страна на Андон Петров од селото Гари, Дебарско.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 1774 и 1775 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.167 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уредиКон крајот на XIX век, била откриена стара црква и голема камена плоча на старословенски јазик, која била уништена.
Во непосредна близина на селото се наоѓа средновековната кула Пирго.
Редовни настани
уредиСелската слава се одбележува на 9 август.
На 13 и 14 јануари редовно се одржуваат Страчинарските игри, кои се всушност василичарски карневал.
Личности
уреди- Зоран Панделиев.
- Атанас Јанев, бранител на Македонија во 2001 година.
Култура и спорт
уредиСелото има и свој фудбалски клуб со име „Подгор“.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
Надворешни врски
уреди- Мокриево на Ризницата ?
- Страчинарски игри[мртва врска]