Кривени

село во Општина Ресен

Кривени — село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.

Кривени
Кривени во рамките на Македонија
Кривени
Местоположба на Кривени во Македонија
Кривени на карта

Карта

Координати 41°08′25″N 21°01′26″E / 41.14028° СГШ; 21.02389° ИГД / 41.14028; 21.02389Координати: 41°08′25″N 21°01′26″E / 41.14028° СГШ; 21.02389° ИГД / 41.14028; 21.02389
Регион Горна Преспа
Општина Ресен
Население 15 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23020
Кривени на општинската карта

Атарот на Кривени во рамките на општината
Кривени на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото Кривени се наоѓа на околу 5,6 километри (воздушна линија, сметано од средиштата на населените места) северно од Ресен, длабоко вовлечено во една од пазувите на планината Бигла и од сите страна опкружена со нејзините истурени разграноци. Соседни села се Лева Река (на северозапад; 2,5 км) од северозапад, Смилево (на исток; 7,6 км), Златари (на југоисток; 4,1 км) и Јанковец (на југ; 3,5 км), Избишта (на запад; 1,8 км).

Историја уреди

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948532—    
1953521−2.1%
1961443−15.0%
1971302−31.8%
1981145−52.0%
ГодинаНас.±%
199173−49.7%
199449−32.9%
200227−44.9%
202115−44.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кривени живееле 450 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кривени имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Во 2002 година во селото живееле 27 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 14 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 520 532 521 443 302 145 73 49 27 15
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови уреди

Кривени е македонско село.

Родови во селото се: Божиновци, Бочкаровци, Бојковци, Волчевци, Ѓуровци, Иловци, Јоцковци, Коловчевци, Кузаревци, Карадаковци, Лабачевци, Митановци, Милошевци, Мицковци, Мазевци, Недановци, Несторовци, Настевци, Наумовци, Писовци, Перевци, Павловци, Ризмановци, Рунчевци, Радевци, Секуловци, Старчевци, Стојановци, Салабашовци, Тодоровци, Трпевци, Талушевци и Танѕуровци.[9]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Божиновци со Грујовци (30 к.), Трпчевци со Бојковци и Павлевци (39 к.), Митановци со Милошовци (10 к.), Бочкаровци со Коловци, Јоцковци и Писовци (11 к.), Велковци (7 к.) и Несторовци со Сургуновци и Ѓуровци (3 к.)
  • Доселеници: Козаревци и Здравевци (2 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Гроздановци (1 к.) доселени се од селото Бела Црква (Долна или Горна, или пак во прилепско).[10]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1633 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Црквата „Св. Ѓорѓи“.
Цркви[13]
 
Домот „Кривени“ (десно).
Разно
  • Домот „Кривени“ - место за културни манифестации во средиштето на селото.
Археолошки наоѓалишта[14]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Стари иселеници до 1949 година има во Бугарија (шест семејства), Аргентина (три семејства), Северна Америка (дваесет семејства), Австралија (четири семејства), Србија (едно семејство), Ресен (две семејства), Демир Капија (едно семејство) и во Битола (четири семејства).[10]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  10. 10,0 10,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски Фонд на МАНУ к-2, АЕ 87.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18.
  16. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 92.
  17. 17,0 17,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. 18,0 18,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. 20,0 20,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215-220
  22. Ѓорѓи Танковски и др. (ур.) „Зборник на загинати борци во НОВ и револуцијата од Ресен и Ресенско“, Ресен, 1983, 123 стр.

Надворешни врски уреди