Ново Село (штипско село)

село во Општина Штип
Ова е статија за селото во јужниот дел на Општина Штип. Да не се меша со истоимената населба споена со Штип.

Ново Село — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Ново Село

Воздушен поглед на остатоците од селото

Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°36′36″N 22°18′15″E / 41.61000°N 22.30417°E / 41.61000; 22.30417
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30040
Надм. вис. 430 м
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Потекло на името

уреди
 
Остатоци од некогашното село

Името на селото првпат е споменато во XVI век (1527 г.) во турски документи. Името на селото е најчесто сретнуваното во Македонија и неговото значење е едноставно: спојување на придавката „ново“ со именката „село“, што доаѓа од мало населено место.[2]

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Општина Штип.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 430 метри.[3] Од градот Штип, селото е оддалечено 25,3 километри.[2]

До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот асфалтен пат за селото Брест, кој пак започнува од регионалниот пат 1204.

Во посеверниот дел на атарот, во правец запад-исток тече Маденска Река, а напоредно на неа минува делницата А4.

Историја

уреди
 
Поглед на ридот Плоча, во непосредна близина на регионалниот пат 1204, кој се наоѓа помеѓу атарите на селата Брест и Ново Село

Подрачјето на Ново Село е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[4]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 12,3 километри квадратни.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194894—    
1953101+7.4%
1961106+5.0%
197154−49.1%
198113−75.9%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
20021—    
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 55 жители, сите Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Селото е наполно раселено по 1981 година, кога што броело 13 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 55 94 101 106 54 13 0 0 1 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Ново Село било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Ново Село се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лесковица, во која влегувале селата Брест, Лесковица, Ново Село, Пиперово и Суво Грло.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2309 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа во селото Брест.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[4]
Реки[15]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Ново Село

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 119.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 215. Посетено на 28 февруари 2025.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 438. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 февруари 2025.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  14. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 16 февруари 2025.
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 46. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  16. 16,0 16,1 Žrtve rata 1941-1945. II. Beograd: Muzej žrtava genocida Beograd. 1996.

Надворешни врски

уреди