Галате
Галате — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Галате живееле 325 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Галате имало 424 Македонци патријаршисти.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото е дел од Галатска општина и брои 47 куќи со 203 жители Македонци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.151 жител.[4]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 391 |
1953 | 450 | 3 | — | — | — | 1 | — | — | 454 |
1961 | 420 | — | — | — | — | 1 | — | — | 421 |
1971 | 379 | — | — | — | — | 13 | — | — | 392 |
1981 | 397 | — | — | — | — | 1 | — | — | 398 |
1991 | 372 | 9 | 78 | — | — | 1 | — | 1 | 461 |
1994 | 349 | 437 | 126 | — | — | 14 | — | 2 | 928 |
2002 | 334 | 643 | 173 | — | — | 1 | — | — | 1.151 |
РодовиУреди
Во времето на истражувањата кои биле вршени во селото во 1947 година, Галате било чисто македонско село, родови во селото биле:
- Цвеловци (8 к.), староседелци. Имаат иселеници во Обреновац (две семејства).
- Новаковци (2 к.), староседелци.
- Мировци (9 к.), староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Ратае.
- Пејовци (1 к.), староседелци.
- Гоџовци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Варна (едно семејство) и во Шумен (едно семејство).
- Ѓорговци (5 к.), староседелци.
- Шакшалевци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Обреновац (едно семејство).
- Поповци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Белград (две семејства).
- Цоцолевци (8 к.) и Страшевци (5 к.) доселени во различен период, од сега албанското село Пршовце. Во родот Страшевци го знаат следното родословие: Петко (жив на 47 г. во 1947 година) Милош-Змејко-Димо, кој се доселил;
- Балабановци (5 к.) и тие се доселени од селото Прошовце, подалечно потекло од селото Радомир во Калиса (северна Албанија). Го знаат следното родословие: Манојло (жив на 58 г. во 1947 година) Оносим-Димитрија-Стојко, кој се доселил од Прошовце. Имаат иселеници во Брвеница.
- Цацановци (3 к.) доселени се од сега албанското село Градец. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
- Синадиновци (2 к.) доселени се од селото Чајле.
- Димитриовци (1 к.) доселени се од селото Балин Дол.
- Поречанец (1 к.) основачот на родот е дојден како домазет од Порече.
- Симјановци (1 к.) доселени се од Ново Село, каде биле староседелци.
- Кукевци (1 к.) основачот на родот се доселил од селото Пожаране.
- Бучуковци (1 к.) исто така доселени од Пожаране.[6]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 460 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[9]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Богородица“ - се наоѓа над на селото, на падините на Шара;
- Археолошки наоѓалишта[10]
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069