Кучичино
Кучичино — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Кучичино | |
Координати 41°50′42″N 22°19′2″E / 41.84500° СГШ; 22.31722° ИГД | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Население | 319 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 13019 |
Надм. вис. | 456 м |
Кучичино на општинската карта Атарот на Кучичино во рамките на општината | |
Кучичино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено претежно во рамничарски предел, во Кочанската котлина. На исток од него се наоѓа планината Плачковица. Покрај него тече реката Брегалница. Селото се наоѓа на надморска височина од 456 метри.
Историја
уредиНа крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 350 жители, сите Македонци.[2] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Стопанство
уредиГлавна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 546 жители, од кои 544 Македонци и 2 други.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 319 жители, од кои 311 Македонци и 8 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 400 | 567 | 670 | 759 | 848 | 801 | 628 | 610 | 546 | 319 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиКучичино е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
Администрација и полиција
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 881 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 360 гласачи.[13]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Кучичино на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |