Рамне (Порече)
Рамне — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Рамне | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°40′46″N 21°10′27″E / 41.67944° СГШ; 21.17417° ИГДКоординати: 41°40′46″N 21°10′27″E / 41.67944° СГШ; 21.17417° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03037 |
Надм. вис. | 800 м |
Слава | Света Петка Трновска |
![]() |
Потекло на името Уреди
Селото најпрвин запишано како Равни се сретнува во турски документи од XVI век. Се верува дека самото име означува „село“.[2]
Географија и местоположба Уреди
Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира до текот на реката Треска, од нејзината лева страна.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри.[3]
Селото е сместено на широка површина засечена од Лева Река. Куќите се сместени во плитка долина, додека нивите се наоѓаат во долините на Мала Река и на Треска, а шумата се наоѓа северно од селото.[4]
Куќите се поделени на три маала: Горно, Долно и Влаовци (Оџовци).[4]
До селото води земјен пат, кој започнува од поранешното општинско седиште Самоков.
Историја Уреди
Селото Рамне по преданието порано не било населено, туку имало некое друго село во атарот на местото Зелениково и Дреново. Тоа село пропаднало и потоа настанало Рамне. Таму се наоѓало и некоја кула. Подоцна, тоа село, при зулуми било целосно уништено.[4]
Денешното село е основано со доселување на првите родови.[4]
Во XIX век, Рамне било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство. За време на отоманскиот период, селото било условено да дава данок во вид на млеко на дебарските Турци.[4]
Стопанство Уреди
Атарот зафаќа простор од 19 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.132 хектари, на пасиштата отпаѓаат 103 хектари, а на обработливото земјиште 188 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 22 домаќинства со 60 жители христијани (Македонци).[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рамне имало 170 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рамне имало 240 жители.[7]
Рамне преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 380, а во 1994 година 60 жители.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Рамне живеел 31 жител, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 170 | 258 | 352 | 378 | 380 | 325 | 168 | 95 | 60 | 31 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови Уреди
Рамне е македонско православно село.[4]
Според истражувањата на Петар Јовановиќ во 1930-тите години родови во селото се: Стојовци (17 к.), доселени се од Закамен пред повеќе од 200 години; Степановци (26 к.), исто така, доселени од Закамен, според народното предание некогаш живееле во раселеното село кое постоело на местото Зелениково и Дреново, но кога пропаднало тоа, отишле во Закамен, па се повратиле и Влаовци (2 к.), потекнуваат од предок Влав, кој дошол како домазет однекаде пред 200 и повеќе години.
Самоуправа и политика Уреди
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Рамне се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Самоков, Старо Село и Сушица. Општината Самоков постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.
Избирачко место Уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 0256 според Државната изборна комисија, сместено во селската трпезарија.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[15]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости Уреди
- Цркви[17]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
Личности Уреди
Редовни настани Уреди
- Слави
- Света Петка Трновска — главна селска слава
- Велосипедски настани
- Низ селото поминува големата рута на велосипедскиот настан Велоче низ Порече кое е прва попатна станица.[19]
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 136. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 254. Посетено на 10 март 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 333.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 94-95.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 март 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 10 март 2021.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 10 март 2021.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Дводневен вело настан „ ВелоЧе низ ПореЧе" на 18 и 19 мај“. ИНФО КОМПАС. Посетено на 2021-03-10.