Општина Бистрица
Општина Бистрица — една од поранешните општини во Република Македонија. Се наоѓа во јужниот дел на државата. Седиште на општината беше селото Бистрица. Во 2002 година населението изнесуваше 5.042 жители, од кои 3.688 се Македонци. Општината престанала да постои кога согласно законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година на 12 април 2005 година, била припоена кон Општина Битола.
Администрација и политика
уредиОд 1996 година со новата територијална поделба на државата, Бистрица доби статус на седиште на општина. Во нејзин склоп вкупно беа 19 селски населби: Бистрица, Крстоар, Олевени, Барешани, Канино, Велушина, Граешница, Драгош, Кишава, Острец, Злокуќани, Кравари, Жабени, Породин, Лажец, Оптичари, Егри, Меџитлија и Кременица. Во дел од нив (во планинскиот и граничниот појас) живее албанско население. Општината Бистрица се простираше на крајниот југ од Македонија и непосредно се граничеше со Грција, со вкупна површина од 23.100 км2, а бројот на жители изнесуваше (ДЗС:Попис на населението 2002): 5,779 жители. Ден на општината беше 25 декември, и истата опстојуваше осум години т.е. сè до 2005 кога со новата територијална поделба на општините, беше припоена кон општина Битола.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[1]
- Црква „Св. Димитриј“ - главната селска црква;
- Црква „Св. Никола“ - главната манастриска црква на Бистричкиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Во Селото - населба од римско и доцноантичко време;
- Стара Црква - некропола од железно време;
- Св. Ѓорѓија - базилика од старохристијанско време;
Споменик во чест на загинатите борци во НОБ поставен 1971 г. Чешма во спомен на Крстин Чулаковски и над селото постои и бункер кој служел за воени дејствија.
Демографија
уредиСпоред последниот попис од 2002 година, општината имала 5.042 жители, од кои:[3]
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Ристо Кавалиновски (1922 - 1944) - партизан, учесник во НОВ;
Култура и спорт
уредиОбразование
уредиВо учебната 1960/61 година се отвора осумгодишно основно училиште, кое го носи името “Крсте Петков Мисирков”. Во училиштето учат околу 270 деца, од кои најголем дел доаѓаат од соседните села со организиран автобуски превоз. Во склоп на училиштето има и училишна библиотека со книжен фонд од преку 6000 книги. Исто така има терени за кошарка, одбојка и ракомет, но тие се во дворот на училиштето, недостига сала за физичка култура. Новата училишна зграда беше изградена 2000 година.
Иселеништво
уредиИма доста иселеници во: Австралија, Америка, Шведска, Австрија, Италија и уште во многу други земји. Исто така многу луѓе емигрирале во Битола, како голем административен центар.
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |