Општина Луково

поранешна општина во Македонија

Општина Луковопоранешна општина во Западна Македонија, основана 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Струга, заедно со општините Лабуништа, Велешта и Делогожди. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Луково.[2]

Општина Луково
денес дел од Општина Струга


Местоположба на поранешната општина Луково.
Знаме на Општина Луково Грб на Општина Луково
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Луково
Површина н.п. км2
Демографија
Население 1.509[1] жит.
Густина н.п. жит./км2
Населени места
Самоуправа
Градоначалник н.п.
Совет 9 члена
Контактни податоци

Населени места

уреди

Во Општина Луково спаѓале следниве села: Безово, Брчево, Дренок, Јабланица, Лакаица, Локов, Луково, Модрич, Нерези, Пискупштина, ’Ржаново, Селци, Буринец, Збажди, Присовјани и Глобочица.

Демографија

уреди

Според последниот попис од 2002 година, општината имала 1.509 жители[1] и најголема етничка група биле Македонците[3]:

етничка група припадници
Македонци 1.496
Срби 3
останати 10

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[3]:

јазик говорници
македонски 1.500
српски 6
останати 3

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[3]:

религија следбеници
православни 1.464
муслимани 43
останати 2

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Попис на населението: јазик и религија“ (PDF). Посетено на 2011-08-17.

Поврзано

уреди