Бурилчево

село во Општина Чешиново-Облешево

Бурилчево (или Борилчево) — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Бурилчево
Бурилчево во рамките на Македонија
Бурилчево
Местоположба на Бурилчево во Македонија
Бурилчево на карта

Карта

Координати 41°50′33″N 22°17′45″E / 41.84250° СГШ; 22.29583° ИГД / 41.84250; 22.29583
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 108 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13004
Надм. вис. 460 м
Бурилчево на општинската карта

Атарот на Бурилчево во рамките на општината
Бурилчево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.

Историја

уреди

Во атарот на селото Бурилчево, во наоѓалиштето Пилаво е откриена населба од бакарно време (од 3 500 до 2 000 години п.н.е.).[2]

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948178—    
1953196+10.1%
1961240+22.4%
1971251+4.6%
1981218−13.1%
ГодинаНас.±%
1991192−11.9%
1994163−15.1%
2002173+6.1%
2021108−37.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бурилчево живееле 100 жители, од кои 65 Македонци и 35 Роми.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бурилчево имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 173 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 108 жители, од кои 97 Македонци и 11 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 314 178 196 240 251 218 192 163 173 108
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Бурилчево е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Ѓоревци (7 к.) староседелци. Они се единствениот староседелски род во селото, кои го преживеале пустешот на селото кој се задесил во XVIII век. Го знаат следното родословие: Мите (жив на 90 г. во 1960 година) Ставро-Коцо-Дино-Банде Пешко, основачот на родот.
  • Шарковци (5 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Чешиново. Овде живеат од почетокот на XIX век.
  • Куртовци (2 к.) доселени се од селото Мородвис. Некој нивен предок се оженил со некоја Ромка, исто така од Мородвис.
  • Каменарци (5 к.) доселени се од селото Кучичино. А таму се доселиле од селото Лесново кај Пробиштип.
  • Тенови (5 к.) доселени се од селото Крупиште кај Штип.
  • Црцорци (3 к.) доселени се од селото Уларци, помеѓу Кочани и Штип.[12]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 880 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на ресторанто на задругата.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 173-174. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди