Длапкин Дол
Длапкин Дол — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Длапкин Дол | |
Координати 41°34′5″N 20°57′19″E / 41.56806° СГШ; 20.95528° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 388 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6257 |
Шифра на КО | 12015 |
Надм. вис. | 627 м |
Длапкин Дол на општинската карта Атарот на Длапкин Дол во рамките на општината | |
Длапкин Дол на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиДлапкин Дол се наоѓа на источните пaдини на Бистра Планина, на десниот брег на Зајаска Река.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
Според податоците намашкото население во 1873 година, во селото имало 16 домаќинства и 88 жители (христијани).[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Длапкин Дол живееле 210 жители, сите Албанци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[4]
Според податоците од 2002 година, во селото има 636 жители, од кои 633 Албанци, 1 Македонец и 2 други.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 388 жители, од кои 368 Албанци и 20 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | — | 349 | 381 | 426 | 426 | 491 | 576 | 583 | 636 | 388 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиДлапкин Дол е албанско село.
Родови во селото се:
- Во Горно маало се родовите: Мучковци (10 к.), Асановци (7 к.), Арифовци (6 к.) и Метолари (2 к.). Првите два рода се доселени од селото Зајас, подалечно потекло им е од Матија во северна Албанија, третиот род е доселен од селото Папрадиште, подалечно потекло како и првите два рода, четвртиот род староседелски. Потекнуваат од православен Македонец кој во Длапкин Дол прешол на ислам и се поалбанчил.
- Во Долно маало се родовите: Жоровци (8 к.), Фекчиовци (8 к.), Доклевци (7 к.), Чупчалари (5 к.), Кадовци (3 к.) и Касовци (4 к.) доселени се од селото Зајас, подалечно потекло имаат од областа Матија, северна Албанија. Во родот Жоровци се знае следното родословие: Беќир (жив на 78 г. во 1961 година) Зеќир, Садик, основачот на родот кој дошол од Зајас.[11]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 827 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 610 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Чукаре — населба од железно, хеленистичко, доцноантичко и римско време
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 92-93.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 256.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-01-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Длапкин Дол на Карти на Гугл