Гајре
Гајре — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Гајре | |
Координати 42°0′44″N 20°56′39″E / 42.01222° СГШ; 20.94417° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 633 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28013 |
Надм. вис. | 700 м |
Гајре на општинската карта Атарот на Гајре во рамките на општината | |
Гајре на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа 3 километри северозападно од градот Тетово. Куќите се издигаат на надморска височина од 700 метри, па и повисоко. Атарот зафаќа простор од 7,3 км2.[2]
Историја
уредиНа 5 јуни 2001 во близина на Гајре, на патот Тетово-Попова Шапка, албанските терористи од заседа убиле петмина припадници на Армијата на Република Македонија. При престрелката биле повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гајре живееле 85 жители, сите Албанци.[3]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Гајре — село во Селечка општина со центар во Шипковица и има 110 куќи со 548 жители, сите Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.020 жители, од кои 1.009 Албанци, 6 Македонци, 1 Србин и 4 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 633 жители, од кои 607 Албанци, 1 останат и 25 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | — | 732 | 766 | 774 | 804 | 729 | 3 | 802 | 1.020 | 633 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови:
уредиНајстарите албански родови во селото се Данчове (16 куќи) и Кутине (11 куќи). Потекнуваат од племето Красниќ, во северна Албанија, а се доселиле кон крајот на XVIII век.[12]
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Доселеници: Кутице (11 к.), Ѓермазе (11 к.) и Шике (14 к.) доселени се во различен период од северна Албанија, не знаат точно од кое место. Во последниот род се знае следното родословие: Ресим (жив на 40 г. во 1947 година) Џемаил-Сејди-Саид-Беадин-Алим-Беџед, кој се доселил. Од последниот род има иселеници во Тетово (едно семејство); Данчове (16 к.) потекнуваат од фисот Красниќи, доселени се од северна Албанија. Се доселиле пред повеќе од 200 години. Имаат иселеници во Тетово и Голема Речица; Аљијалар и Веље (44 к.) доселени се од селото Топојани во Љума, северна Албанија. Доселени се во исто време кога и претходниот род. Имаат иселеници во Тетово (десет семејства) и во Голема Речица; Касе (17 к.) доселени се од околината на Пешкокеја од областа Долен Дебар, северна Албанија. Овде се доселени кон крајот на XVIII век. Имаат иселеници во Романија (две семејства) и во Тетово (едно семејство).[13]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2084 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 743 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Родени
- Мурат Исаку (р. 15 април 1928 - 24 август 2005), македонски поет и писател
- Абдулазис Ислами (р. 29 јули 1930) - поет, раскажувач, романописец, драмски автор.
- Џемаил Вејсели (р. 15 ноември 1927) - македонски политичар.
- Хусни Вела (р. 1926) - македонски учител и политички деец
- Сервет Салиу (20 декември 1928 - Тетово, 1994) - македонски политичар.
- Починати
- Влатко Миленковски (1972 - 2001), македонски бранител од конфликтот во 2001[16]
- Благојче Силјанов (1969 - 2001), македонски бранител од конфликтот во 2001[16]
- Пеце Матичевски (1978 - 2001), македонски бранител од конфликтот во 2001[16]
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр. 65
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 213.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 8 години од загинувањето на бранителите кај Гајре, Телма ТВ