Сушица (Скопско)

село во Општина Петровец


Сушица (позната и како Катлановска Сушица или Коњарска Сушица) — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Сушица
Sušica KU (3).JPG

Панорама на Сушица

Сушица во рамките на Македонија
Сушица
Местоположба на Сушица во Македонија
Сушица на интерактивна карта

Карта

Координати 41°57′28.08″N 21°46′49.08″E / 41.9578000° СГШ; 21.7803000° ИГД / 41.9578000; 21.7803000Координати: 41°57′28.08″N 21°46′49.08″E / 41.9578000° СГШ; 21.7803000° ИГД / 41.9578000; 21.7803000
Регион Скопска Блатија
Општина Петровец
Население 139 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25127
Сушица на општинската карта
Сушица во Општина Петровец.svg

Атарот на Сушица во рамките на општината
Commons-logo.svg Сушица на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Се наоѓа во североисточниот дел на Скопската Котлина и областа Блатија, од левата страна на реката Пчиња. Селото лежи на надморска височина од 380 метри. Оддалечено е 24 километри источно од Петровец, 37 километри источно од Скопје и 26 километри јужно од Куманово.

ИсторијаУреди

 
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Сушица

СтопанствоУреди

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948645—    
1953663+2.8%
1961562−15.2%
1971454−19.2%
1981302−33.5%
ГодинаНас.±%
1991225−25.5%
1994206−8.4%
2002178−13.6%
2021139−21.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 550 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушица имало 760 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Сушица има 178 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 139 жители, од кои 137 Македонци и 2 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 550 760 645 663 562 454 302 225 206 178 139
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Сушица e македонско село.

Според истражувањата од 1952 година, родови во Сушица се:

  • Староседелски или доселенички со непознато потекло: Радевци (10 к.), Даневци (8 к.), Зајинци (11 к.), Миајлевци (9 к.), Ѓуревци (3 к.), Костовци (3 к.), Карпузовци (2 к.), Шутевци (3 к.), Дедо-Петковци (6 к.), Јошевци (2 к.), Спасевци (1 к.), Ролевци (2 к.), Пидевци (1 к.) и Ќирковци (1 к.) за нив не се знае дали се староседелци, или пак доселени со непознато потекло.
  • Доселеници: Николчевци (8 к.) порано се викале Ѓаковци. Некои за нив велат дека се доселени од околината на Ѓаковица во Косово; Марковци (9 к.) и Анџинци (2 к.) доселени се од селото Мирковци во Скопска Црна Гора; Долноселци (3 к.) доселени се од селото Долно Коњари. Го знаат следното родословие: Данило (жив на 40 г. во 1952 година) Мите-Наумче-Петко, кој се доселил; Русановци (3 к.) и Качаровци (9 к.) доселени се однекаде.[10]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

  • Градиште — утврдување од римско време(дел од Јустинијановиот сигнален систем низ територијата на Македонија -Маркови Кули, Кисела Вода — градиште, Сушица Коњарска - Горно Кале, Крушица);[11]
  • Селиште — населба од непознат период;[11]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Личности родени во Сушица (Скопско):

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г.

Надворешни врскиУреди