Пузајка

село во Општина Старо Нагоричане
(Пренасочено од Пузаљка)

Пузајка (се сретнува и под формата Пузаљка) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Пузајка

Поглед на селото Пузајка (во преден план)

Пузајка во рамките на Македонија
Пузајка
Местоположба на Пузајка во Македонија
Пузајка на карта

Карта

Координати 42°14′2″N 21°51′51″E / 42.23389° СГШ; 21.86417° ИГД / 42.23389; 21.86417
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 30 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17080
Надм. вис. 360-400 м
Слава Спасовден
Пузајка на општинската карта

Атарот на Пузајка во рамките на општината
Пузајка на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во средишниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од десната страна на реката Пчиња. Селото има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 360 до 400 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 27 километри.[2]

Куќите на ова село се наоѓаат во една долина помеѓу соседните села Драгоманце на југоисток и Коинце на северозапад.[3]

Селото има мошне мал атар, од само 1,7 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 99 хектари.[2]

Пузајка има збиен тип. Како маала на селото се споменуваат Дршљанско, Киринско, Пирајско Маало и други.[3]

Историја

уреди

На 500 метри западно од селото („под село“) се наоѓа месноста Црквиште, на која некогаш постоела црква и гробишта. Остатоци од храмот и гробовите може да се забележат. Се претпоставува дека тоа припаѓало на некоја постара населба, која се наоѓала на денешното село Пузајка.[3]

Денешното село Пузајка е млада населба, основана околу 1860 година од страна на три домаќинства од соседното село Драгоманце.[3]

Во XIX век, Пузајка било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

До крајот на турското владеење, Пузајка претставувало одвоено маало на Драгоманце.[3]

Стопанство

уреди

Поради распореденоста на атарот, селото главно се занимава со полјоделство.[2]

Покрај полјоделството, во селото уште од неговото основање било застапено сточарството.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948102—    
1953125+22.5%
1961134+7.2%
1971127−5.2%
198184−33.9%
ГодинаНас.±%
199167−20.2%
199463−6.0%
200254−14.3%
202130−44.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пузајка имало 136 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пузајка имало 120 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Населбата е мала, којашто во 1961 година имала 134 жители, од кои 108 биле Македонци, а 26 Срби. Во 1994 година, бројот се намалил на 63 жители, од кои 50 биле Македонци и 13 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пузајка имало 54 жители, од кои 48 Македонци и 6 Срби.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 136 120 102 125 134 127 84 67 63 54 30
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото биле:

  • Доселеници: Дршљанци (7 к.) и Киринци (5 к.) доселени се околу 1860-1870 година од селото Драгоманце. Таму им се роднини Попиќевци, Брзаци. Бегови и Мацанци. Подалечно потекло овој род има од околината на Параќин во Србија (од селото Поповац). Во родот Дршљаци се знае следното родословие: Дончо (жив на 40 г. во 1972 година) Саздо-Младен-Јован-Дршљан кој се доселил во селото; Баба Донкини (2 к.) потекнуваат од Младен кој дошол како домазет од селото Герман во Кривопаланечко; Јованоски (1 к.) потекнуваат од предокот Начко кој се доселил исто така од селото Герман. Таму овој род припаѓал на родот Косовци кои подалечно потекло имаат од Косово; Пирајци (3 к.) доселени се од селото Бајловце; Димитријоски (1 к.) доселени се однекаде; Гривинци или Призеткови (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Драгоманце.[3]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Драгоманце, во која влегувале селата Драгоманце, Добрача, Коинце, Пузајка и Стрновац.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Пузајка се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце и Степанце.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Иселеништво

уреди

Родот Пузаљчани (6 к.) се иселил во кумановското село Сушево. После војната иселувањата биле кон градовите Куманово, Скопје и Белград.[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 247. Посетено на 1 мај 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. |access-date= бара |url= (help)
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди