Мородвис

село во Општина Зрновци

Мородвиссело во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани, кое што е прогласено за културно наследство на Македонија.

Мородвис
Мородвис во рамките на Македонија
Мородвис
Местоположба на Мородвис во Македонија
Мородвис на карта

Карта

Координати 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД / 41.85417; 22.44417
Регион Кочанско Поле
Општина  Зрновци
Население 318 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2305
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13023
Надм. вис. 482 м
Мородвис на општинската карта

Атарот на Мородвис во рамките на општината
Мородвис на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Мородвис се наоѓа во источниот дел на Македонија, на 10 километри јужно од Кочани, сместено во Кочанската Котлина, поточно во подножјето на Плачковица, широко отворено кон реката Брегалница и Кочанското Поле. Атарот на селото изнесува 14.521.860 м2. Низ селото тече Морошка Река.

Историја уреди

Животот во Кочанската Котлина постоел многу одамна. Постоеле помали и поголеми населби, меѓу кои Запара, Келенидиј и Армонија, за кои се претпоставува дека егзистирале на овие простори. Најстара населба што ја среќаваме во историските записи, а која постои и денес е населбата Мородвис. На местото каде денес се наоѓа Мородвис, порано постоело Мороздвизд, Форомиздос, Форомендис, Моробиздон - различни форми на записи за една иста населба.

Од формирањето во 969 односно 976 година, до згаснувањето во 1018, на Самуиловата држава, градот Мороздвизд се наоѓал во нејзин состав. За време на нејзиното постоење израснал во значаен воен и духовен град (центар) во Брегалничката област. По смртта на Иван Владислав, градот Мороздвизд доброволно се предал на Василиј II кога овој бил во Мосинопол. Ова го пишува во "Кратката историја" (811-1079) од византискиот историчар Јован Скилица каде што се вели: "а таму (во Мосинопол - К. С.) дошле пратеници на населението од Пелагонија, Мороздвизд и Липљан, кои на царот (Василиј II - К. С.) му ги предале градовите". Ова е првиот извор во кој се споменува градот Мороздвизд, 16526г - (1018) година.

По уништувањето на Самуиловата држава, една година подоцна, во 1019 година повторно се споменува градот Мороздвизд, но сега како епископски центар, во хрисовулот на Василиј II даден на Охридскиот архиепископ. Во хрисовулот се вели: "... и епископот на Мороздвизд да има во самиот Мороздвизд и во Козјак, Славиште, Злетово, Луковица, Пијанец и Малешево, 15 клирици и 15 парици." Со оваа грамота Василиј II ја прифатил постоечката црковна административна поделба, со тоа не го уништил значењето на населбата Мороздвизд.

Во почетокот на 12. век Малешево станал епископски центар на Брегалничката област (епископија). Иако од крајот на XI век Мороздвизд го изгубил духовното значење, животот не замрел. Ова се гледа и од „Теографијата“ на Арабјанецот Идризи, запишана кон средината на XII век. Идризи за Мороздвизд (Форомиздос) вели: "Од Куритус, в десно го изоставаш патот за Ахрисубули (Орфано) и се спушташ на север за градот Фурумиздус (Мородвис), до кој има два дена пат. Последниот е масовен град, распространет на врвот на една височинка. Тој има лозја и непрекинато надоврзани обработливи полиња." Со археолошките ископувања во с. Мородвис, во питоси се најдени зрна грозје и повеќе сорти жита.

Во 60-те или 70-те години на 13. век епископски центар повторно станала населбата Мороздвизд. Тоа траело и во наредниот период, но потоа постепено опаѓало значењето. Српскиот крал Милутин (1282-1321) во првите години од своето владение освои повеќе територии од Македонија, меѓу кои и Брегалничката област. Во 1300 година во Грамотата дадена на скопскиот манастир "Св. Георги Горго", Милутин наведува дека манастирот поседува имот "Авазгово под Мороздвизд, што го придодаде госп. Маноил Царот, со лозја, со ниви, со ливади, со пасишта, со летници, и зимници и со воденици, со планината и со сите права."

Мороздвиздската епископија постоела и за време на српското владеење, но нејзината територија полека се смалувала и го губела значењето што го имала во Брегалничката област и пошироко. Тоа се гледа и од Грачаничката грамота на Милутин при крајот на неговото владеење од 1321 година. Од грамотата се гледа дека кралот Милутин го дарувал Грачаничкиот манастир со села и земја меѓу кои "И по Вранју и по Славиште и по... и по Злетово и Мороздвизд и по... и од области грчки крал господар сум и на кралевите на земјите Злетовски, Самоковски и Шуменски татковина и дедовина при Ибар Марица наречен, го зедов тоа и го дадов на владеење или на Липљанските или на Призренските епископии." Дел од Мороздвиздската епископија ја ставил под јурисдикција на Липљанската или Призренската црква.

Во 1341 година владетелот на источниот дел од Македонија Јован Оливар го изградил манастирот "Св. Архангел Михаил", во с. Лесново, a веќе наредната 1342 година го подарил на Хиландарскиот манастир. Co повелбата на Душан, дадена на Лесновскиот манастир "Св. Архангел Михаил" во 1347 година манастирот станал седиште на новосоздадената Злетовска епископија. Кон оваа епископија се спојува територијата на веќе запуштената Мороздвиздска епископија. Во повелбата е опишана границата на Мороздвизд што почнувала од Зрновштица и одела до Воихнино Селиште. Во Зрновштица се подарени две воденици, а половина од водата требало да му припадне на Мороздвизд. Меѓата на Мороздвизд спрема Зрновштица, почнувајќи од Зрновштичката Река, не можела да се утврди, бидејќи имотите на населението од Мороздвизд и Зрновштица била измешана.

Пред да потпадне Македонија под Османлиска власт, со територијата на Брегалничката област и пошироко управувале браќата Дејанови (Јован и Константин Драгаш), чија престолнина била во Велбужд, денешен Ќустендил. Во рамките на оваа држава влегла и веќе запустената населба Мороздвизд. Од овој период ја имаме грамотата на Константин Драгаш дадена во 1381 година на Хиландарскиот манастир според која "селото Мороздвизд заедно со заселците Роковци и Грдовци со сите меѓи и права на тоа село" се дава како имоти на манастирот.

 
Манастир „Св. Симеон Столпник“ - Мородвис

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948581—    
1953636+9.5%
1961637+0.2%
1971679+6.6%
1981592−12.8%
ГодинаНас.±%
1991533−10.0%
1994524−1.7%
2002549+4.8%
2021318−42.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мородвис живееле 320 жители, од кои 200 Турци, 90 Македонци и 30 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мородвис имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци, 100 Турци и 100 Власи.[4]

Според пописот од 1994, старосната структура на населението била: од 0-6 годишна возраст има 68, од 18-24 години има 46, а над 64 години има 65 лица.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, во селото имало 549 жители, сите Македонци, од православна христијанска вероисповед.[6]

Дел од населението е на привремена или постојана работа во странство.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 318 жители, од кои 295 Македонци, 1 останат и 22 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 80 581 636 637 679 592 533 524 549 318
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови уреди

Мородвис е македонско село, а во минатото имало и Турци и Роми, а во селото од поново време има и доселено влашки родови како и Бугари од Босилеградско.

  • Македонски родови во селото се: Митевци (1 к.) единствен македонски род останат од турско време; останатите македонски родови доселени се во периодот од 1922 до 1928 година, и од 1954 до 1958 година, тоа се; Здравковци (4 к.), Арсовци (4 к.) и Пепелари (3 к.) доселени се од селото Полаки на Осогово; Цоневци (3 к.) и Василевци (3 к.) доселени се од селото Чурилак или Чеперник на Осогово; Божиновци (5 к.), Веселиновци (3 к.), Сребреновци (2 к.), Крстевци (2 к.), Темелковци (2 к.), Костадиновци (2 к.), Богатиновци (1 к.), Стојменовци (1 к.), Јовчевци (1 к.), Стојчевци (1 к.), Јосифовци (1 к.) и Пешо (1 к.) доселени се од селото Костин Дол на Осогово; Петрушевци (1 к.) доселени се од селото Лешки; Доне (1 к.), Мите (1 к.), Благој (1 к.), Саздо (1 к.), Јане (1 к.), Ефтим (1 к.) и Стојо (1 к.) доселени се од селото Пресека; Блаже (1 к.) доселени се од селото Пантелеј, таму имаат роднини доселени однекаде; Ѓоргијовци (2 к.) и Јован (1 к.) доселени се од селото Пашаџиково; Станковци (3 к.), Спасовци (2 к.), Дојчиновци (2 к.), Величковци (1 к.) и Лековци (1 к.) доселени се од кривопаланечкото село Осиче; Илчевци (1 к.) и Захариевци (1 к.) доселени се од селото Саса, кај Македонска Каменица; Стојица (1 к.), Стојмен (1 к.) и Сребреновци (1 к.) доселени се од селото Небојани; Стојиловци (2 к.) и Даче (1 к.) доселени се од околината на Делчево, вториот род таму живеел во Тодоровци; Златковци (2 к.) доселени се од селото Вртешка, кај Радовиш, на Плачковица.
  • Турски родови: Шефик (1 к.) овде живеат уште од турско време; Маџири (3 к.) доселени се во 1878 година од околината на Ќустендил; Афузовци (1 к.) доселени се од селото Блатец; Нијази (1 к.) доселени се од селото Градец; Оризарци (1 к.) доселени се од селото Оризари.
  • Ромски родови: Стамбољанци (16 к.), Качуљари (3 к.) и Струмичани (3 к.) нивните жители кои се припадници на православната вероисповед меѓу себе зборуваат на ромски јазик. Доселени се од североисточна Србија во XIX век, но од местото на старина не дошле директно тука туку се задржувале и на други место, тоа може да се забележи по родот Струмичани.
  • Влашки родови: Ванчовци (1 к.) и Паризовци (1 к.) овде живеат од околу 1900 година, пред тоа биле номадски сточари. Сега се занимаваат со земјоделство и секоја куќа чува по 30 овци. Некои влашки родови се преселиле во Дорфулија, Овче Поле.
  • Бугарски родови: Анѓеловци (2 к.), Доневци (2 к.) и Ане (1 к.) доселени се од околината на Босилеград. Првиот род таму живеел во селото Караманица.[12]

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 891 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на подрачното основно училиште "Синиша Стоилов".[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 401 гласач.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

  • Морозвизд - археолошко наоѓалиште кое е прогласено за национално културно наследство;
  • Гробјани Рид - средновековен објект и некропола;
  • Градиште - утврдена населба;
  • Црква „Св. Троица“ — главната селска црква, изградена и завршена во август 2014 година;[15]
  • Црква „Св. Симеон Столпник“ - главна манастирска црква, изградена и осветена е во 1968 година, а во 2002 година била повторно обновена;
  • Етно куќа - пуштена во употреба на 6 јули 2012 година;[16]
  • Дом на култура - реновиран пред 20 години;
  • Платанови стебла - прогласени за заштитено подрачје од категоријата Споменик на природата.[17]

Има остатоци од стари воденици и куќи од турско време.

Личности уреди

Паднати борци во НОБ:[19]

Иселеништво уреди

Околу 100 турски семејства отишле во Турција до 1955 година.[12]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 235
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на Република Македонија, 1994 г.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ. стр. 121-122–123-124.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 22 септември 2020.
  15. Заврши изградбата на црквата „Св. Троица" во село Мородвис. Архивирано од изворникот на 2021-01-20. Посетено на 2014-08-06.
  16. „Освет на „Етно Куќа" во с. Мородвис – Општина Зрновци“. bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2019-05-24. Посетено на 2019-05-24.
  17. Службен весник на РМ (PDF): 24–25. 5 април 2016 http://www.slvesnik.com.mk/Issues/8bb9824cbc5c4c6daa1db0ea3588839f.pdf. Отсутно или празно |title= (help)
  18. „Девојка од Мородвис - светски шампион во натурал телоградба“. Канал 8 ТВ. Архивирано од изворникот на 2019-11-17. Посетено на 2019-11-17.
  19. „Откриен нов споменик на жртвите од НОБ во Мородвис“. m.makpress.mk. Посетено на 2019-06-18.

Надворешни врски уреди