Долно Свиларе
Долно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Долно Свиларе | |
Координати 42°1′42″N 21°17′8″E / 42.02833° N; 21.28556° EКоординати: 42°1′42″N 21°17′8″E / 42.02833° N; 21.28556° E | |
Општина | ![]() |
Население | 2.010 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25040 |
Надм. вис. | 388 м. м |
![]() |
Географиja и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, северно од Вардар.
ИсториjaУреди
Кон крајот на XIX век Долно Свиларе било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долно Свиларе вживееле 330 жители, сите Албанци.[1]
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[2] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.010 жители, од кои 1.998 Албанци и 6 Македонци и 6 останати.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150[1] | 783 | 885 | 909 | 1.123 | 1.435 | 1.725 | 2.010 |
РодовиУреди
Долно Свиларе е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Доселеници: Паровски (3 к.) најстар род во селото. Точно не знаат од каде се доселени; Матњан (8 к.) и Нел (9 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија; Лика (5 к.) доселени се од северна Албанија; Јажинц (11 к.) доселени се од тетовското село Јажинце. Таму се доселени од северна Албанија. Они потекнувале од Красниќи; Шаин (9 к.) доселени се од северна Албанија; Дишолар (11 к.) доселени се од северна Албанија; Љугаџи (3 к.) доселени се од некое село Љугаџи во Љума; Дано (7 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија; Шерифоски (5 к.), Зеќиролар (6 к.), Љоц (4 к.) и Џеколар (2 к.) сите се доселени од северна Албанија.[6]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Селиште — населба од римското време
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Долно Свиларе, на Карти на Google
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |