Борисово
Борисово — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Борисово | |
Панорама на Борисово | |
Координати 41°22′59″N 22°49′59″E / 41.38306° СГШ; 22.83306° ИГД | |
Општина | Ново Село |
Население | 230 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27008 |
Борисово на општинската карта Атарот на Борисово во рамките на општината | |
Борисово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиБорисово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подгорскиот дел на планината Беласица. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 21 километри.
Борисово се наоѓа на надморска височина од 325 метри.
Историја
уредиСпоред кажувањата, иселениците од село Барбарево сакале да ја напуштат планината па дошле во село Мокриево но тогашниот кмет не им дал место во Мокриево но им предложил да им го даде т.н. каменарник, по кое настанало денешно Борисово.
Се смета дека селото го добило името според некој Борис, споменуван како основач на населбата. Првпат селото се спомнува во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога е подарено на светогорскиот манастир „Свети Пантелејмон“. Според струмичкиот митрополит Герасим Струмички (втора половина на XIX век), над селото Борисово постоела кула од Самуиловиот период, која подоцна била уништена.
Југославија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во текот на XIX век селото било населено со Турци. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 60 семејства со 337 Македонци и 21 Турчин[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители Турци[4].
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото живееле 300 Турци, а остатокот биле Македонци[5].
По Балканските војни (1913 год.), Турците полека започнале да се иселуваат, а селото го населиле бегалци од Егејска Македонија и жители од Стиник, Барбарево, Бајково и Бадилен.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 100 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 409 жители, од кои 408 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 230 жители, од кои 213 Македонци и 17 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 800 | — | 349 | 385 | 343 | 415 | 495 | 483 | 444 | 409 | 230 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
уредиЦрквата „Свети Кирил и Методиј“ се наоѓа на почетокот на селото, во близина на Мокриево.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1776 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 373 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уредиСелото е познато по својата Боришка (Борисовска) Река, позната по своите мали водопади. Порано имало 12 воденици покрај реката, но денес не функционира ниту една. Сепак, некои од нив може и денес и да се видат. На реката е формирана и Борисовската брана, длабока 8 метри. Таа сепак не зафаќа голема површина и месните жители ја користат за риболов. Во селото постојат две земјоделски аптеки, но нема училиште, па децата до четврто одделение го посетуваат училиштето во Мокриево, а потоа училиштето „Видое Подгорец“ во Колешино. Во селото забележлива е и една стара чешма, веќе пресушена, а и неколку јавори, стари стотици години. Непосредно до еден таков јавор се наоѓаат остатоци од минарето на една од двете некогашни џамии, како сведоштво дека овде некогаш живеело турско население.
Култура и спорт
уредиПорано постоел и фудбалски клуб наречен „Доганец“.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ Бугари во документот
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски
уреди„Борисово“ на Ризницата ? |