Габар
Габар (познато и како Габер) — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.
Габар | |
Поглед на маалото Калвиница на селото Габар | |
Координати 42°15′14″N 22°15′44″E / 42.25389° СГШ; 22.26222° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Крива Паланка |
Област | Славиште |
Население | 12 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1330 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15007 |
Надм. вис. | 1.101 м |
Слава | Спасовден Свети Јован |
Габар на општинската карта Атарот на Габар во рамките на општината | |
Габар на Ризницата |
Потекло на името
уредиИмето на селото е поврзано со родот дрва габер, но денес не постои шума со такви дрвја на подрачјето на селото.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Славиште, во западниот дел на територијата на Општина Крива Паланка.[3] Селото раштркано и планинско, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 840 до 1.060 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 18 километри.[3]
Тоа е поголемо село, во горниот тек на Габерска Река, десна притока на реката Крива Река. Селото е распослано на осојниот и присојниот брег од реката. Околни села се: Метежево на север, Градец на југоисток и Баштево на запад.[2]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Распаќе, Крст, Падина, Чуке, Буке, Ливаѓе, Црвен Камен, Клинково, Крива Дубица и други.[2]
Селото има разбиен тип. Се разликуваат вкупно 21 маало, поради што селото зазема големо подрачје. Главно и најголемо маало е Милевци.[2]
Селото Габар се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка во подножјето на планината Герман. Географски е дел од областа Славиште. Јужно од селото се наоѓа селото Длабочица, источно е Осиче и Градец, северно е Подржи Коњ, а западно е Баштево и Метежево.
Историја
уредиПоради поволната местоположба за сточарство, шумарство и земјоделство, селото постоело одамна. Постојат стари гробишта од средновековниот период. Постои месноста Црквиште, каде се наоѓаат темели на храм.[2]
Во XIX век, Габар било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот има средна големина и зафаќа простор од 16,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 598,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 392,6 хектари, а на шумите 239,3 хектари.[3]
Голем дел од населението, исто така, се занимава со рударство. Главно работеле во рудниците во Бор, Србија, и во Пробиштип.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габар имало 840 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Габар имало 720 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
По Првата светска војна селото било дел од општина Градец и имало 710 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[7]
Од ова село значителен дел од населението се иселил, така што, селото преминало од средно во мало село. Во 1961 година, селото броело 709 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 159 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Габар живееле 67 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 9 Македонци и 3 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 840 | 720 | 591 | 675 | 709 | 643 | 436 | 158 | 169 | 67 | 12 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиГабар е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Доселениците потекнуваат од селата во областа Горна Пчиња.[2]
Родови во Габар се:
- Поголеми родови: Милчевци (10 к.), имаат посебно маало, кое е најголемо; Прекоридчани (9 к.), живеат во истоименото маало; Калејинци (7 к.), живеат во истоименото маало; Пешкуљинци (8 к.), живеат во посебно маало; Чупарци или Ливадинци (6 к.), живеат во посебно маало; Баба-Маринци (6 к.), живеат во истоименото маало; Алексовци (4 к.), живеат во истоименото маало; Митковци (4 к.), живеат во истоименото маало.
- Помали родови: Дубци (3 к.), Терзиовци (3 к.), Чуковци (3 к.), Здравковци (2 к.), Аџици (2 к.), Табаци (2 к.), Лисиче (2 к.), Главинци (2 к.), Поповци (1 к.), Пешаци (1 к.) и Бучкинци (1 к.).
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Милчовци (10 к.), Каленци (5 к.), Пашинци (2 к.), Прекуричани или Беловеци (6 к.), Цупаринци (13 к.), Кукудинци (28 к.), Ќешлијци (2 к.), Џукелци или Николинци (2 к.), Митковци (4 к.), Терзијци (2 к.), Здравковци (2 к.), Деа Стоилковци (2 к.), Мишинци (5 к.), Баба Маринци (3 к.), Вуковци (1 к.) и Ќуковци (5 к.)
- Доселеници: Деа Јаќимовци (3 к.) доселени се однекаде малку пред 1845 година.[14]
Општествени установи
уредиПорано, селото поседувало осумгодишно училиште, каде се школувале и учениците од околните села. Била сместена во месноста Речиште, каде се наоѓаат и селските гробишта.[2]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Градец, во која покрај селото Габар, се наоѓале и селата Градец и Осиче. Општината Градец постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0971 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 56 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[17]
- Кушинци — средновековна некропола;
- Ливаѓе — средновековно градиште;
- Манастирска Чука — средновековна населба;
- Окатица — средновековна населба;
- Ораче — средновековно градиште; и
- Селиште — средновековна населба.
- Реки[18]
- Габерска Река — тече низ селото, се влева во Крива Река
Редовни настани
уреди- Спасовден — селска слава
- Свети Јован — селска слава
Иселеништво
уредиОд Габар имало иселување во поголем број. Басмарци (2 к.) се иселиле во селото К’шање кај Куманово. Габрановци (5 к.) и Чуковци (5 к.) се иселиле во селото Клечевце кај Куманово. Чукарци (1 к.) се иселиле во селото Коњух кај Кратово. Чарапиновци (5 к.) се иселиле во селото Кочур во Горна Пчиња (Србија). Има иселеници и во Бор (Србија) и во Војводина, како колонисти.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 276–277.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 47. Посетено на 9 мај 2019.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
- ↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-11.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 мај 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 мај 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-09. Посетено на 11 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 21. ISBN 978-9989-2117-6-8.