Плавуш

село во Општина Валандово

Плавуш — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[2]

Плавуш
Плавуш во рамките на Македонија
Плавуш
Местоположба на Плавуш во Македонија
Плавуш на карта

Карта

Координати 41°22′46″N 22°30′05″E / 41.37944° СГШ; 22.50139° ИГД / 41.37944; 22.50139
Регион  Југоисточен
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 055
Шифра на КО 04015
Надм. вис. 500 м
Плавуш на општинската карта

Атарот на Плавуш во рамките на општината
Плавуш на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Бојмија, на северозсападните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 500 м. Атарот е доста голем, со површина од 22,6 км2.[3]

Под селото, во западен правец тече Дузлаџик Дере, која на работ од атарот се влева Аразлиска Река; таа пак завршува на неколку километри југозападно како лева притока на Вардар меѓу Удово и Ѓулели.

Историја

уреди

На крајот од XIX век Плавуш било претежно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Плавеш (Plavech) било село со 200 домаќинства сочинети од 420 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 1.012 жители, од кои 1.000 Турци и 12 Роми.[5]

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[6]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948242—    
1953262+8.3%
196174−71.8%
197123−68.9%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 200 Турци.[7]

Во последните децении на XIX век селото доживеало голем раст, кој траел и во првите децении на XX век. Ова се променило во 1950-тите, кога населението трикратно опаднало поради иселувањето во Турција. Селото продолжило да се празни и во 1960-тите, така што до крајот на деценијата не останал ниту еден Турчин. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1971 г. во Плавуш се заведени 23 лица, од кои сите под графата „останати“.[8] Нејасно е дали станува збор за грешка или некакво привремено сместување на друго население. Во текот на следните години селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Плавуш немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.012 242 262 74 23 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 235. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
  6. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Башали — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди