Мајден
Мајден — раселено село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.
Мајден | |
Улица во селото | |
Координати 41°9′13″N 21°56′36″E / 41.15361° СГШ; 21.94333° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Мариово |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 780 м |
Мајден на општинската карта Атарот на Мајден во рамките на општината | |
Мајден на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Тиквешко Мариово, јужно од Кавадарци, во крајниот југозападен дел на денешната Општина Кавадарци. Атарот се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 780 метри.[2]
За селото не била водена посебна катастарска евиденција.[2]
Историја
уредиНајголемиот подем рудникот го имал во XV и XVI век и во тој период овој регион се развил како рударски и бил познат не само на Балканот, туку и пошироко. Рударската населба Мајден почнала да се формира од 1877 година. Во тој период рудникот бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун.
Во XIX век, Мајден било дел од нахија Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиВо рамките на атарот на селото се наоѓа познатиот рудник Алшар.
Во близината на рудникот селото се наоѓа и рудник (површински коп) за експлоатација на доломит. Концесија на користењето на овој рудник формата МАКФЕРТ ДОО. Фирмата има концесија за експлоатација на доломитот од 30 години. Според проценките во рудникот има околу 6.000.000 тони рудна резерва.[3] Со оваа фирма управуваат: Јордан и Димче Маџарови и Ристо Стамаџиев.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]
Селото се наоѓа во фаза на наполно раселување. Тоа во 1961 година броело 306 жители, а во 1994 година само четири жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Мајден имало 8 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите 3 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 105 | —[7] | —[7] | 39 | 12 | 5 | 4 | 8 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачко место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, ’Ржаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Реки[15]
- Мајденска Река — подоцна наречена Блаштица, притока на Црна Река
- Ендемски видови
- Кавадаречки различник — ендемит во флората на Македонија од групата на сложеноцветни растенија
- Археолошки наоѓалишта
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 187. Посетено на 12 декември 2017.
- ↑ 3,0 3,1 Макферт ДОО, Архивирано од изворникот на 2022-01-23, Посетено на 2022-01-22CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)'
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 декември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ 7,0 7,1 Податоците од населените места Мајден и ’Ржаново, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Рожден.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 12 декември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-07-04. Посетено на 12 декември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 13. ISBN 978-9989-2117-6-8.