Глумово
Глумово — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Глумово | |
![]() Поглед на селото Глумово со отворот на клисурата Матка во позадината | |
Координати 41°58′46″N 21°18′15″E / 41.97944° N; 21.30417° EКоординати: 41°58′46″N 21°18′15″E / 41.97944° N; 21.30417° E | |
Општина | ![]() |
Население | 1.683 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25048 |
Надм. вис. | 919 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото Глумово се наоѓа на левиот брег на Треска, по излезот на клисурата Матка.
ИсторијаУреди
Кон крајот на XIX век Глумово било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство.
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 210 жители, од кои 180 жители Албанци муслимани и 30 Македонци христијани.[1]
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[2]
Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[3]
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.683 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 4 |
Албанци | 1.646 |
Турци | 1 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 28 |
останати | 3 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210[1] | 506 | 574 | 700 | ... | ... | ... | ... | 1.683 |
РодовиУреди
Глумово е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Љума (4 к.) доселени се во XVIII век од областа Љума во северна Албанија.
- Суџе (17 к.) доселени се во исто време со претходниот род, од некое место во Албанија.
- Шкека (11 к.) доселени се од местото Дарда кај Матија во Албанија.
- Љока (5 к.) и Мукеле (4 к.) доселени се од северна Албанија.
- Кондовали (8 к.) доселени се од селото Кондово. А таму од Љума во Албанија.
- Чакалар (4 к.) доселени се од северна Албанија.
- Селарево (4 к.) доселени се од селото Седларево. Нивното потекло е торбешко. Од каде дошле во Седларево не знаат точно.[6]
ЛичностиУреди
- Блерим Беџети (р. 1970) — политичар и пратеник
- Башким Амети (р. 1983) — Министер за животна средина и просторно планирање 2016-
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врскиУреди
- Глумово на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Глумово, на Карти на Google