Долно Татеши
Долно Татеши — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Долно Татеши | |
Координати 41°15′30″N 20°41′21″E / 41.25833° СГШ; 20.68917° ИГДКоординати: 41°15′30″N 20°41′21″E / 41.25833° СГШ; 20.68917° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 351 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 26017 |
Надм. вис. | 757 м. м |
Географија и местоположба Уреди
Селото се наоѓа во северните предели на Струшкото Поле.
Историја Уреди
На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Vo Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 160 муслимани.[2]
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татеши (Горно и Долно) живееле 750 жители, од кои 450 Албанци и 300 Македонци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 699 жители, од кои 697 Албанци и 2 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 351 жител, од кои 1 Македонец, 349 Албанци и 1 лице без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 750 | — | 316 | 331 | 367 | 434 | 484 | 3 | 590 | 699 | 351 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови Уреди
Долно Татеши е албанско село.
Родови во селото се: Рамани, Дика, Беќири, Азизи, Ферати, Суља, Ризвани и Алими. Сите родови заедно имаат 58 куќи). Намножени се од ист предок Азиз кој се доселил од селото Слатино, Голо Брдо (Албанија); Тоски (3 к.) доселени се од соседното планинско село Тоска, таму се доселени од селото Велчани во јужна Албанија.[10]
Поврзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.254.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
Надворешни врски Уреди
- Сателитска снимка на Долно Татеши на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |