Свеќани

село во Општина Градско

Свеќани — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.[2]

Свеќани
Свеќани во рамките на Македонија
Свеќани
Местоположба на Свеќани во Македонија
Свеќани на карта

Карта

Координати 41°35′52″N 21°51′11″E / 41.59778° СГШ; 21.85306° ИГД / 41.59778; 21.85306
Регион  Вардарски
Општина Градско
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1420
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29065
Надм. вис. 432 м
Свеќани на општинската карта

Атарот на Свеќани во рамките на општината
Свеќани на Ризницата
Живопис од црквата Црква „Св. Атанасиј“.

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во областа Клепа, северозападно од општинското седиште Градско.

Историја

уреди

Во XIX век Свеќани било мало, чисто македонско село во нахијата Азот од Велешката каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свјеќани (Sviékyani) имало 15 домаќинства со 66 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Свеќани имало 100 жители, сите Македонци христијани.[3][5]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Свеќане (Svekiané) имало 184 Македонци, сите под егзархијата.[3][6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Свечани (Svečani) како македонско христијанско село.[3][7]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948136—    
195368−50.0%
196116−76.5%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Населението на Свеќани почнало нагло да опаѓа во 1950-тите поради поради аграрната реформа и индустријализацијата на Титов Велес. Во 1961 г. спаднало на 5 домородни жители и 11 новодоселени Албанци.[9] Селото е целосно напуштено во 1960-тите. Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 184 136 68 16 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Родови

уреди

Свеќани било македонско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:

  • Староседелци: Кимовци (4 к.), Батовци (2 к.) и Крстевци (2 к.)
  • Доселеници: Поповци (2 к.) и Дејановци (4 к.) доселени биле на почетокот од 18 век од селото Водоврати, за да го избегнат потурчувањето; Иловци (1 к.) доселени биле во средината на 18 век од селото Скачинци; Лазовци (1 к.) доселени биле во средината на 19 век од селото Војница; Караџовци (1 к.) доселени биле во 1876 година од селото Виничани; Тодоровци (4 к.) доселени биле во 1884 година од селото Скачковци; Јосифовци (1 к.) доселени биле во 1905 година од селото Подлес.[14]

Општествени установи

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта

Иселеништво

уреди

Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес.[14]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 184 - 185.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 118-119.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Свеќани — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  15. „Парохија Градско - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 30 јуни 2008. Посетено на 16 февруари 2014.

Надворешни врски

уреди