Житинени
Житинени — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Житинени | |
Воздушен поглед на селото Житинени | |
Координати 41°28′14″N 20°34′15″E / 41.47056° СГШ; 20.57083° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 258 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08019 |
Надм. вис. | 880 м |
Житинени на општинската карта Атарот на Житинени во рамките на општината | |
Житинени на Ризницата |
Селото е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 880 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.[3]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.
Историја
уредиПодрачјето на Житинени е населено уште од доцната антика и средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 6,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 261,2 хектари, на шумите отпаѓаат 178,2 хектари, а на обработливото земјиште 114 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 38 жители муслимани (Македонци).[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Житинени живееле 232 жители, сите Македонци муслимани.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Во 1961 година, во Житинени имало 224 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 536 жители, турско население.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Житинени броело 537 жители, од кои 536 Турци и 1 Албанец.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 258 жители, од кои 1 Македонец, 224 Турци и 33 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 232 | — | 193 | 229 | 224 | 316 | 386 | 430 | 536 | 537 | 258 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиЖитинени е торбешко село.[15]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
- Македонски муслимански родови:
- Староседелци: Имеровци (5 к.), Мијединовци (1 к.), Цаневци, Дурмишовци (10 к.), Бастријовци (6 к.), Идризовци (4 к.), Мифтаровци (3 к.), Алијовци и Ибраимовци (1 к.).
- Доселеници: Куртовци (9 к.), доселени се на самиот почеток на XIX век од селото Коџаџик, потеклото им е турско. Но овде кога дошле одма се измешале со Торбешите, и сега го зборуваат само македонскиот јазик. Помеѓу житиненските родови има приличен број на домазети од селото Долени во близина на Пешкопеја.
- Македонски православни родови:
- Доселеници: Зајекаровци (1 к.), доселени се околу 1898 година од селото Броштица и Новковци (1 к.), потекнуваат од предокот Новко кој се доселил околу 1846 година од околината на Воден во Егејска Македонија.
Иселеништво
уредиОд македонското православно население има голем број на иселеници во Софија, Смедерево, Сер, Скопје (во населбата Ѓорче Петров), Дебар, Лом, Пловдив, Битола, Кавадарци.[15]
Од торбешкото население до 1954 година иселеници има во Турција (30 семејства), и тоа во Бергама (27 семејства), Босќој крај Бергама, Бурса, потоа во Чаушли близу Дојран, Казандол близу Валандово, Мокриево и Чепели близу Струмица.[15]
Општествени установи
уреди- Поранешна амбуланта
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Житинени било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0565 според Државната изборна комисија, сместено во простории на деловен објект.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 491 гласач.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 510 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[4]
- Манастир — средновековна населба, црква и некропола;
- Црков — средновековна некропола; и
- Чифлик — доцноантичка и средновековна населба.
- Џамии[19]
- Џамија — главна селска џамија
Галерија
уреди-
Воздушен поглед
-
Куќи во селото
-
Воздушен поглед
-
Куќи во селото
-
Воздушен поглед
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Торбеши“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1497. Text "series " ignored (help)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 126.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 120. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-02-05. Посетено на 5 февруари 2023.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.