Битово
Битово — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Битово | |
Панорамски поглед на селото Битово | |
Координати 41°44′44″N 21°4′50″E / 41.74556°N 21.08056°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 31 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03004 |
Надм. вис. | 1.180 м |
Слава | Петровден |
![]() |
Потекло на името
уредиИмето на селото првпат е споменато како „Битом“ во 1296 година. Од личното име „Бит-“, кое потекнува од старословенскиот „сам да бидам“ или пак од личното име „Битомир“.[2]
Според народното предание, името доаѓа од местото на основачите на селото, кои биле од Битола.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Гостивар. Селото се наоѓа во изворишниот дел на Мала Река, лева притока на Треска.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 1.180 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 47 километри.[4]
Селото е сместено на левата страна на помала река, десна притока на Мала Река. Куќите во најголем дел се сместени на терасеста рамнина. Селото е свртено кон југ. Нивите се наоѓаат околу селото, додека шума има над селото.[3]
Куќите се прилично разредени и издвоени во поединечни маала, наречени по родовите по кои се наречени.[3]
До Битово води асфалтен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков, поминувајќи кај селото Растеш.
Историја
уредиВо селскиот атар на месностите Лескоица и Петроица има црквишта и гробишта.[3]
Народното предание наведува дека први во селото се населиле Ќуќуревци, кои дошле како овчари за да ја напасуваат стоката и на крај тука одлучиле да се населат.[3]
Во XIX век, Битово било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство.
Вкупно 20 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
уредиАтарот е зафаќа површина од 13 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 879,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 244,3 хектари, а на обработливото земјиште 131,9 хектари.[4]
Селото има мешовита земјоделска функција.[4]
Во минатото на месноста Србиница се копала железна руда.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Битово имало 200 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Битово имало 200 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Битово (Битуше) се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Битово е зафатено со раселување, така што тоа преминало од средно во мало село по големина. Во 1961 година, селото броело 314 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 85 жители, македонско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Битово имало 63 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 26 Македонци и 5 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 200 | 288 | 316 | 314 | 305 | 216 | 108 | 85 | 63 | 31 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
уредиБитово е македонско православно село.[3]
Родови во селото се: Ќуќуревци (7 к.), доселени се од Битола, основачи на селото се, затоа што дошле од Битола по тоа го добило името селото; Олиовци (9 к.), доселени се од Баница, Полошко (Гостиварско); Калимановци (6 к.), доселени се од Камењане, Полошко; Дуковци (12 к.), доселени се од Куманово и Ивановци (4 к.) и тие се доселени од истото место како и Дуковци.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Битово се наоѓале селата Близанско, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0252 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селскиот дом.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[18]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[20]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква; и
- Црква „Св. Петар и Павле” — манастирска црква.
Редовни настани
уреди- Слави[3]
- Петровден — селска слава
Личности
уреди- Ставре Јакоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Доситеј Укоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Неделко Гечески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Серафим Силкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Методија Богатиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Јордан Кузманоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Срезо Смилески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Дамјан Богатиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
- Неделко Неделкоски (1928 - 1945) — загинат во НОБ.[22]
- Насте Трајкоски (1920 - 1943) — загинат во НОБ.[22]
- Спасе Укоски (1917 - 1944) — загинат во НОБ.[22]
- Јордан Синадиноски (1921 - 1944) — загинат во НОБ.[22]
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Куќи во Битово
-
Поглед на селото
-
Панорама на селото
-
Селските гробишта
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 54–55.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 329.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 29. Посетено на 20 септември 2017.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 септември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 14 март 2021.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 21,6 21,7 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
- ↑ 22,0 22,1 22,2 22,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)