Горна Бањица

село во Општина Гостивар

Горна Бањица — село во Општина Гостивар, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.

Горна Бањица
Горна Бањица во рамките на Македонија
Горна Бањица
Местоположба на Горна Бањица во Македонија
Горна Бањица на карта

Карта

Координати 41°46′48″N 20°53′33″E / 41.78000° СГШ; 20.89250° ИГД / 41.78000; 20.89250
Општина Гостивар
Население 3.436 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 530 м
Горна Бањица на општинската карта

Атарот на Горна Бањица во рамките на општината
Горна Бањица на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено само 3 километри јужно од Гостивар. Речиси е споено со населбата Долна Бањица, која претставува дел од урбаната зона на Гостивар.

Историја уреди

Селото Горна Бањица се споменува во повеќе документи. Околу средината на XI век византискиот цар Роман III го подарил на манастирот св. Горг кај Скопје, а тоа го потврдиле и бугарскиот владетел Константин Асен во 1265 година и кралот Милутин српски во 1300 година во нивните грамоти. Горна Бањица е наведена и во пописните дефтери од 1452/53 и 1467/68 година. Денешното село Горна Бањица лежи на средновековната локација во североисточното подножје на Градиштето, има стари гробишта и средновековно црквиште. Малку посеверно од него бил основан манастирот Гостивар, спомнат во црковните документи од 1318 и 1343 г. Покрај манастирот постепено се ширело истоимено село, кое во пописниот дефтер од 1452/53 г. броело 88 куќи, а во 1467/68 г. 108 куќи. Истото се развивало на сметка на соседната Долна Бањица, за на крајот да го достигне денешниот обем и значење како центар на Горниот Полог.[2]

На крајот на XIX век, селото е дел од Полошката нахија во Гостиварската каза на Отоманското Царство.

На 11 ноември 1944 во Гостивар, во центарот на градот, албанските балисти стрелале шестмина македонски патриоти, меѓу кој и Васил Пејчиновски од Горна Бањица. Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство уреди

Главна стопанска гранка на населението е земјоделството. Селото Горна Бањица во Македонија и на Балканот е позната по производството на висококвалитетниот црвен благ кромид, кој е најдоминантната полјоделска култура што се одгледува во селото, а која во минатото била извезувана и со товарни возови низ Македонија и Југославија.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948919—    
19531.072+16.6%
19611.108+3.4%
19711.267+14.4%
19811.611+27.2%
ГодинаНас.±%
19911.094−32.1%
19941.662+51.9%
20024.423+166.1%
20213.436−22.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горна Бањица живееле 435 жители, 400 Турци и 35 Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горна Бањица имало 32 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Турци и 50 Македонци.[6]

Горна Бањица е село во Гостиварско и Полог, така што во 1961 година броело 1.108 жители, а во 1994 година 1.662 жители, од кои 422 биле Албанци, 1.239 Турци и 1 останат.

На пописот од 2002 година, селото имало 4.423 жители, од кои 1.196 Македонци, 1.636 Албанци, 1.243 Турци, 315 Роми, 4 Срби и 29 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.436 жители, од кои 839 Македонци, 811 Албанци, 1.053 Турци, 610 Роми, 1 Србин, 15 останати и 107 лица без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 919
1953 73 754 240 2 ... 3 1.072
1961 68 212 827 ... ... 1 ... 1.108
1971 25 239 1.003 ... ... 1.267
1981 7 474 1.118 2 ... 10 1.611
1991 4 22 1.067 ... 1 1.094
1994 422 1.239 ... 1 1.662
2002 1.196 1.636 1.243 315 4 29 4.423
2021 839 811 1.053 610 1 15 107 3.436

Родови уреди

Горна Бањица е мултиетничко, автохтоното турско село заедно со албанско-македонско население.

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:

  • Македонци:
  • Бибовци (3 к.) староседелци. Имаат иселеници во Долна Бањица.
  • Богојевци (3 к.) доселени се од некое село во Порече;
  • Јовановци (1 к.) и Пејчиновци (1 к.) доселени се од селото Долно Јеловце. Од Јовановци има иселеници во Обреновац (едно семејство), а од Пејчиновци во Романија (едно семејство).
  • Турци:
  • Фетаовци (6 к.), Шабуљеј (7 к.), Табаковци (9 к.), Изовци (4 к.), Јакуповци (7 к.) и Чупче (7 к.) овие родови се поисламени и потурчени Македонци, мешајќи се со Турците го примиле турскиот јазик. Првите пет рода се староседелски, додека последниот род е доселен од селото Падалиште. Од сите нив има иселеници во Гостивар (пет семејства) и во Турција (две семејства).
  • Абазовци (1 к.), Сурче (1 к.), Усмановци 5 к.), Алиловци (3 к.), Кадриовци (1 к.), Салиовци (1 к.), Пале (1 к.) и Адовци (3 к.) овие родови cе од мешано албанско-турско потекло и потекнуваат од денешна северна Албанија и околна полошка села. Од нив има иселеници во Гостивар (четири семејства).
  • Беџетовци (3 к.), Фазлијовци (13 к.), Реџеповци (4 к.), Расимовци (3 к.), Муратовци (5 к.), Меровци (5 к.), Сулејмановци (3 к.), Шабановци (6 к.), Исмаиловци (3 к.), Камберовци (3 к.), Оџовци (1 к.) и Даутовци (2 к.) потекнуваат од прави Турци. Нивното потекло е од Турција но не се знае кога се доселени, некои родови се дојдени преку турското село Коџаџик, Дебарско. Од нив има иселеници во Истанбул (едно семејство) и во Гостивар (две семејства).
  • Албанци:
  • Куртишовци (2 к.), Селман (1 к.), Меметовци (5 к.), Тафовци (2 к.), Ќамил (1 к.), Малик (1 к.) и Шаиновци (2 к.) сите се доселени од Албанија. Некои преку други полошки села.[10]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 515 и 516 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.747 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Во август 2015 година е формиран фудбалскиот клуб Трабзонспор кој во сезоната 2018/19 за првпат игра во третата лига Запад.

Иселеништво уреди

Од Македонците се знае за следните иселеници: Бацковци (3 к.) иселени се во поречкото село Заград. Олиовци (9 к.) иселени се во поречкото село Битово. Јаковчевци (5 к.) иселени се во селото Здуње. Иселеници има и во јужна Русија, каде иселениците создале истоимено село.[10]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. И. Микулчиќ 1970, 85; истиот TIR, 57; — Т. Томоски 1970, 87—88; и 1976, 262
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди