Кавадарци

град во Општина Кавадарци
Ова е објавената верзија, проверена на 7 септември 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Кавадарциград во југоисточниот дел на Повардарието, во Јужна Македонија и претставува центар на Тиквешијата.

Кавадарци
град
Црквата Света Петка
Црквата Света Петка
Знаме на КавадарциГрб на Кавадарци
Кавадарци is located in Македонија
Кавадарци
Кавадарци
Местоположба на Кавадарци во Македонија
Координати: 41°26′00″N 22°00′00″E / 41.43333° СГШ; 22.00000° ИГД / 41.43333; 22.00000
ДржаваРепублика Македонија
РегионВардарски Регион
ОпштинаОпштина Кавадарци
Првпат споменат во1519
Управа
 • ГрадоначалникМитко Јанчев (ВМРО-ДПМНЕ)
Надм. вис.&10000000000000250000000250 м
Население (2021)
 • Вкупно32,038
ДемонимКавадарчани (мн.)
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Рег. таб.KA
Мреж. местоwww.kavadarci.gov.mk

Потекло на името

Според некои извори, етимолошки, името Кавадарци потекнува од грчкиот збор kavadion што значи „наметка од скапоцена ткаенина“, а кавадарчани биле изработувачи на таа ткаенина.

Географија

 
Ноќна панорама на Кавадарци

Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Оддалечен е 10 километри западно од најблискиот град Неготино, 105 километри јужно од главниот град Скопје, а западно преку Дреновската Клисура и превојот Плетвар е поврзан со Прилеп (51 км), кој продолжува кон Битола, Ресен и Охрид. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара, во правец север-југ, и претставува рамничарска населба сместена на надморска височина од 278 метри.

 
Кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Сообраќај

 
Улицата Илинден

Градот содржи десет булевари: Западен булевар, Северен булевар, Моша Пијаде, Цветан Димов, Вељко Влаховиќ, Македонија, Никола Минчев, Блажо Алексов, Видео Смилевски - Бато, и Кочо Рацин. Други поважни улици во градот се: Илинден, Шишка, Седми Септември, Мито Хаџивасилев - Јасмин, Вишешница, Страшо Пинџур. Исто така градот има осум кружни текови.[1]

Историја на Кавадарци

 
Кавадарци во периодот меѓу двете светски војни

Населбата Кавадарци првпат се споменува во 1519 година, како мала рурална населба во состав на Ќустендилскиот санџак. Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци (Тиквеш), кој оставил запис за кавадаречката чаршија, која тогаш организиран градски живот. Наведува дека гратчето е центар на каза со 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Има два ана за трговци и чаршија со околу 74 дуќани.[2] Кавадарци најпрво е седиште на нахија во рамките на Струмичката каза, а од XVII век - претставува самостојна каза. Образованието во Кавадарци има длабоки корени и богата традиција, а првите келејни училишта се отворени во просториите на Моклишкиот, Полошкиот и Бошавскиот Манастир во текот на XVIII и XIX век. Населбата се споменува и во турски документи од 1823 година. Во документот Кавадарци е спомнат како мала населба („касаба“) со околу 2.000 жители во крајниот источен дел на тогашниот Битолски вилает. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари 1855 година, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека село Кавадарци (Говедарци) има една голема и красна црква и едно мало училиште, три мошеи (џамии), еден часовник (сахат), една стара висока кула (столп) каде што седат ајан и кадија[3]. Ова укажува дека уште кон средината на XIX век Кавадарци бил средишно (централно) место на целата тиквешка област каде што биле сместени судот (кадијата) и управните власти. Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуваат дека овде постоела населба уште во античко време и во средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешкото Езеро.

 
Спомен плочата

Во средината на јули 1894 година, по иницијатива на Даме Груев бил основан вториот комитет на МРО. Во составот на комитетот биле:

  • Пане Иванов - главен учител во основното училиште;
  • Јованче Велков - трговец;
  • Иванче Минчев - службеник во општинската управа; и
  • Јанаки Илиев - Ќурчиев - трговец.

Како обележување на тој миг, Советот на Општина Кавадарци во јули 1999 година поставил спомен плоча во градот.

Тиквешко востание

Главна статија Тиквешко востание

 
Споменик посветен на жртвите од Тиквешкото востание

Во јуни 1913 година, градот Кавадарци претставува еден од центрите каде избувнало Тиквешкото востание, кое претставува првиот народен вооружен отпор против новата српска власт. Востанието е предизвикано од насилствата кои биле вршени од српските окупаторски власти врз македонското население при напорите за асимилација и посрбување. Со поддршка на ВМРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата каде што е едногласно решено да се крене востание и да се создаде востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај, меѓу кои биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. На востанието учествувале околу 1 000 востаници, од кои 200 биле обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите биле комити од четите на ВМРО. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена. На 25 јуни српските војници го задушуваат востанието, опожаруваат голем дел од Кавадарци, а меѓу другото и над 60 дуќани и богати куќи биле ограбени.

Спомен костурница

 
Спомен-костурницата во Кавадарци

Спомен-костурницата во Кавадарци претставува монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци. Во неа се сместени посмртните останки на загинатите борци од Кавадарци, жртви на фашистичкиот терор од НОВ во периодот од 1941-1945 година, кои се наоѓале во непосредна близина на Кавадарци. Во нејзината внатрешност на гранитни плочи се испишани нивните имињата. Спомен костурницата е изработена од бетон. Откриена е на 7 септември 1976 година. Таа е дело на професорот на Архитектонскиот факултет од Скопје, Петар Муличковски.

Објектот се наоѓа на надморска височина од 305 метри и од таму се гледа панорамата на Кавадарци и на Тиквешијата. Таа претставува стилизирана македонска куќа оградена со бетонски ѕидови со дебелина од 3 метри. Долниот заграден дел го претставува внатрешниот двор на куќата кој продолжува во надворешен двор во форма на амфитеатар. Во долниот дел се влегува преку две железни врати (јужна и северна) на кои се претставени гроздови. Тие водат во отворениот дел на костурницата каде е сместена галеријата на хероите. Порано ѕидовите биле празни и во нив биле сместени моштите на загинатите, но во последните неколку години нивните ковчежиња за да се заштитат се преместени во градскиот музеј. Тука се наоѓаат дваесетина формирани мермерни плочи на кои се испишани повеќе од триста имиња, поточно 328 имиња на борци кои се загинати во НОВ. Потоа преку скалила во средината на објектот кои спирално водат нагоре, се влегува во затворениот дел со висина од 12 метри, кој претставува стилизирана македонска куќа со инспирација од охридска куќа. Овој затворен дел е поделен на два ката кои асоцираат на чардаци во чии ѕидови има отвори кои ги симболизираат прозорците.

Стопанство и превоз

 
Најстарата бочва од „Тиквеш“ од 1955 година, поставена на кружен тек во Кавадарци

Населението во градот, а воопшто и во целиот регион најмногу се занимава со лозарство. Најзначајни стопански објекти се Винарската визба „Тиквеш“, Металуршкиот комбинат за фероникел „ФЕНИ“, индустријата за градежни материјали и челични конструкции „ИГМ“, тутунскиот комбинат „Алајанс Уан Македонија АД“, фабриката „Металекс“, стовариштето за градежни материјали "Златибор, а во поново време во огромен подем се и многуте приватни винарии и винарски визби како што се „Чекоров“, „Попов“ и др. Во најново време стопанството во Кавадарци бележи поголем подем со изградбата и отворањето на германската фабрика за делови во автомобилската индустрија „Дрекслмаер“ во која работат околу 6.000 лица од Кавадарци и околните градови Неготино, Прилеп и Велес.

 
Пероните на автобуската

Во градот постои Автобуската станица - Кавадарци која врши превоз на патници од и до Скопје, Велес, Неготино, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Струмица, Демир Капија, Валандово, Гевгелија, Белград, Софија.[4]

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кавадарци живееле 5.092 жители, од кои 1.950 Македонци православни, 3.000 Македонци муслимани, 120 Роми и 32 Власи.[5]

Според пописот од 1931 година, Кавадаречкиот срез (на денешните општини Кавадарци и Росоман) како дел од Кралството Југославија имал 23.919 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 4.850 Македонци, 200 Турци, 25 до 50 Албанци и 50 други жители.[7]

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Кавадарскиот срез имало 40.617 жители, од кои 6.228 во градот Кавадарци, 2.683 во Неготино, а 31.706 во селата (Тиквеш, Бошава, Витачево). Од етнички аспект, населението го сочинувале 37.098 (91,3 %) Македонци, 1.480 (3,64 %) Турци, 1.410 (3,47 %) Срби, 137 Власи, 127 Роми и 365 останати.[8]

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 29.188 жители и спаѓал во групата на средни градови.[9] Ако се земе предвид дека населените места Глишиќ (1.362 ж.) и Ваташа (3.502 ж.) се скоро споени со Кавадарци, тогаш пошироката територија на град Кавадарци вклучува население од 34.052 жители (33.125 Македонци).

Етнички групи[10]
Македонци
  
97,14 %
Роми
  
1,26 %
Срби
  
0,54 %
Турци
  
0,52 %
други
  
0,44 %
Власи
  
0,08 %
Албанци
  
0,01 %
Бошњаци
  
0,01 %

Етнички гледано, населението (без Глишиќ и Ваташа) е составено од:[10]

Националност Вкупно
Македонци 28 354
Албанци 2
Турци 151
Роми 368
Власи 22
Срби 159
Бошњаци 4
Други 128
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[10]:

Јазици[10]
македонски
  
98,83 %
ромски
  
0,44 %
српски
  
0,34 %
други
  
0,24 %
турски
  
0,12 %
влашки
  
0,03 %
бошњачки
  
0,01 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 28.847 98,83
турски 34 0,12
ромски 128 0,44
влашки 10 0,03
српски 98 0,342
бошњачки 1 0,01
други 70 0,24
Вероисповед

Во Кавадарци се застапени следните религиски групи[10]:

Религија[10]
православие
  
96,65 %
ислам
  
2,66 %
други
  
0,60 %
католицизам
  
0,08 %
протестантство
  
0,01 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
православни 28.210 96,65
муслимани 776 2,66
католици 24 0,08
протестанти 3 0,01
други 175 0,60

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Кавадарци:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19486.228—    
19537.550+21.2%
196111.409+51.1%
197118.170+59.3%
198124.556+35.1%
ГодинаНас.±%
199128.625+16.6%
199428.288−1.2%
200229.188+3.2%
202132.038+9.8%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 6.228
1953 6.809 6 493 35 0 108 99 7.550
1961 10.634 5 421 197 152 11.409
1971 17.136 31 459 52 285 207 18.170
1981 23.271 24 387 145 3 276 450 24.556
1991 27.420 0 110 501 6 275 313 28.625
1994 27.388 1 176 358 17 235 113 28.288
2002 28.354 2 151 368 22 159 4 128 29.188
2021 28.815 24 134 606 29 111 9 223 2.087 32.038

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Туризам

Музеј-галерија

Музеј-галерија од Кавадарци како институција од областа на културата е основана со одлука на Собранието на Општина Кавадарци на 7.9.1973 година. На 6 септември 1976 година, со отворањето на ликовната изложба на словенечкиот сликар Марио Вилхар официјално почнува со работа.

Музеј-галеријата е институција отворена за јавноста, има образовна улога, со цел да развива интерактивна комуникација со посетителите, и преку презентација на движното и недвижното наследство да привлекува поширока публика.

Во склоп на музејот делуваат археолошко, етнолошко, историско одделение, одделение за заштина на споменици на културата, оддел за историја на уметност и галерија каде годишно се случуваат десетина изложби, спомен соба на Васил Хаџиманов и спомен соба на Никола Бадев. Музејот исто така има и неколку постојани поставки: археолошка, етнолошка, историска поставка и поставка за традиционална подготовка на храна и вино.

 
Винскиот музеј
Вински музеј

Во 2002 година во градскиот парк во Кавадарци се отвори локален Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци каде што во неколку поставки е претставена историјата на Тиквешкиот Регион во производството на грозје и вино. Меѓу експонатите се наоѓаат и апарат за мерење на шеќерност во виното од 1534 година, таканаречениот фрижидер - ледара од 1934 година во кој своевремено се носел лед од таканаречените ледари од месноста ,Мечкина дупка кај Кавадарци.[11] Покрај музејските експонати и фотографии, во музејот се наоѓа и колекција на вина за дегустација.

Спорт

Образование

 
Градинка „Рада Поцева“ - објект „Гроздоберче“
 
Градинка „Рада Поцева“ - објект „Изворче“
Детски градинки
  • ЈОУДГ Рада Поцева со објектите:
  • Гроздоберче
  • Детелинка
  • Снежана
  • Изворче

Основни училишта

Средни училишта

Високо образование

Културни и природни знаменитости

 
Централната џамија
Верски градби[12]
Културни манифестации
  • Тиквешки гроздобер е манифестација која му дава посебен белег на градот и се поклопува со одбележување на денот на ослободувањето на Кавадарци 7 септември и се одржува секоја година во септември во почетокот на втората недела. Настанот симболично започнува со откинување на грозд од страна на градоначалникот на Кавадарци.
  • Т'к - Так Фест е рок фестивал кој се организира во чест на прерано починатата македонската рок легенда Трајко Каров. Фестивалот за првпат е одржан во 2011 година, а настапуваат македонски рок бендови. Досега учество зеле Суперхикс, Визија, Ареа, Токму Така, Автограм, Smoke Shakers, Триангл и многу други.
  • „Дедо цепе борина“ - фестивал на вицовите и шегата кој се одржува за време на бадниковата вечер на градскиот плоштад и на кој се избираат три најдобри шеги.
Паркови и зеленило
 
Централниот парк
  • Градски парк „Љупчо Шкартов“ - најголемиот парк во градот изграден во 1955 година
  • Централен парк - парк во центарот на Кавадарци
  • Парк Полјана - помал парк каде се наоѓа Марковата кула
Археолошки наоѓалишта[15]

Личности

 
Бисти на познати Кавадарчани кои биле борци во Втората светска војна.
 
Бисти на познати Кавадарчани кои биле борци во Втората светска војна.

Галерија

Наводи

  1. „Кавадарци“. wikimapia.org. Посетено на 18 декември 2020.
  2. Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр.267-268.
  3. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.69
  4. „Меѓуградски линии“. ekstrabus.com.mk. Посетено на 11 ноември 2020.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, с. 153.
  6. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-lang-1931.htm
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  9. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 март 2016.
  11. https://inovativnost.mk/2020/09/07/во-кавадарци-отворен-музеј-на-виното/
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. Кавадарци наскоро ќе добие нов христијански храм[мртва врска]
  14. Нов храм за заштитничката на Кавадарци, Света Петка! (видео)
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски