Метежево
Метежево — село распослано во областите Горна Пчиња и Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.
Метежево | |
Поглед на маалото Вучковци на селото Метежево | |
Координати 42°16′54″N 22°13′40″E / 42.28167° СГШ; 22.22778° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Крива Паланка |
Област | Горна Пчиња Славиште |
Население | 13 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1330 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15032 |
Надм. вис. | 1.248 м |
Слава | Света Троица |
Метежево на општинската карта Атарот на Метежево во рамките на општината | |
Метежево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областите Горна Пчиња и Славиште, во северниот висок дел на територијата на Општина Крива Паланка.[2] Селото е раштркано и планинско, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 1.020 до 1.260 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 20 километри.[2]
Селото географски повеќе припаѓа на соседната област Горна Пчиња, додека маалото Вучковци припаѓа на Славиште.[3]
Селото се наоѓа помеѓу 900 и 1.000 метри надморска височина, во изворишниот дел на Лесничка Река. Околни села се Огут, Нерав и Подржи Коњ.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Преслап, Момковац, Катуниште, Угљарица, Терзијини Венци, Марков Камен, Белев Дол, Крива Бука, Чука, Језеро, Матини Вирови, Занога, Трајкова Падина, Клинчово, Пожар, Река, Селиште, Билино и Студенац.[4]
Селото има разбиен тип. Неговите маала се одвоени од 500 до 1.500 метри едно од друго. Вкупно има 5 маала, кои одејќи од северозапад кон југоисток се Николинци, Јовановци, Давитковци или Ливаѓани, Бара и Вучковци или Осоја.Се разликуваат вкупно 21 маало, поради што селото зазема големо подрачје. Главно и најголемо маало е Милевци.[3]
Селото Метежево се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка. На запад се граничи со селото Нерав, на северозапад со селото Огут, на североисток со селото Подржи Коњ, на исток со селото Габар, на југ со селото Баштево и на југозапад со Општина Ранковце.
Историја
уредиНа атарот на селото се сретнуваат старини и карактеристични топоними за кои се поврзани преданија. Северозападно од селото се наоѓа Градиште, мало возвишување („чукар“) на граница на областите Горна Пчиња и Славиште. Се споменува дека некогаш тоа било град. На месноста Преслап пак биле пронајдени големи земјени ќупови, како и гробови со плочи. Некои споменуваат дека дури постоела и црква. Во денешното маало Давитковци пак се наоѓа месноста Селиште, каде некогаш постоело село, кое денес е раселено. Во атарот на селото постои и месноста Марков Камен, што се верува дека се траги од Марко Крале и неговиот коњ..[3]
Маалото Вучковци било основано во средината на XIX век. Поседот кој се наоѓа во изворишниот дел на Габерска Река го поседувал Мустафа-бег од градот Крива Паланка. На тоа место се доселиле три роднински родови од Црцорија и еден род од селото Добровница.[3]
Во XIX век, Метежево било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 15,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 606 хектари, на пасиштата отпаѓаат 489 хектари, а на шумите 328 хектари.[2]
Селото поседува големи пасишта на планината Билино. Месноста Катуниште над селото говори дека селото имало развиено сточарство одамна.[4]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Метежево имало 420 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Метежево имало 408 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
По Првата светска војна селото било дел од општина Градец и имало 450 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]
Поради иселувањето на населението, Метежево преминало од средно во мало село. Така, селото во 1961 година броело 431 жител, а во 1994 година 93 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Метежево живееле 50 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 408 | 401 | 444 | 431 | 354 | 181 | 91 | 93 | 50 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиМетежево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Доселениците потекнуваат од селата во областа Горна Пчиња.[4]
Родови во Метежево се: Николинци (3 к.), најстар род во селото и основачи на истоименото маало; Тасевци или Младеновци (3 к.), биле еден род со Николинци и живееле во исто маало, но во средината на XIX век преминале на место каде имале сточарски колиби и го основале маалото Бара; Петровци (3 к.), стар род, живеат во маалото Николинци; Милковци (3 к.), се верува дека е стар род, кој најпрвин живеал во маалото Николинци, а подоцна во маалото Бара; Стаменовци (2 к.), стар род; Илинци (2 к.), стар род, живеат во маалото Јовановци; Митровци (2 к.), не им се знае потеклото, живеат во маалото Николинци; Пољаци (4 к.), доселени однекаде, живеат во маалото Николинци; Давитковци (5 к.), доселени однекаде, живеат во истоименото маало; Вукановци (2 к.), не им се знае потеклото, живеат во маалото Давитковци; Ѓуринци (2 к.), доселени однекаде, живеат во маалото Ливаѓани; Ристовци (5 к.), доселени се од селото Добровница, се доселил Ристо во маалото Давитковци; Јовановци или Чифлици (5 к.), доселени се од некое село кај Ќустендил, го знаат следното родословие: Владо (жив на 30 г. во 1950 година) Димитрија-Станислав-Цветко-Јован, основачот на родот кој се доселил; Стојчинци (2 к.), доселени се однекаде; Пожарлици (1 к.), доселени се во втората половина на XIX век од селото Добровница и Божана (1 к.), доселени со непозната старина.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Огут, во која покрај селото Метежево, се наоѓале и селата Нерав и Огут. Општината Огут постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0970 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Градиште — градиште од доцната антика; и
- Николинско Маало — средновековна некропола.
Редовни настани
уреди- Света Троица — селска слава
Иселеништво
уредиОд селото се знае за следниве иселеници: Метежевци (3 к.), се иселиле во селото Лопате, покрај Куманово; Метежевци (7 к.), се иселиле во кумановското село Клечевце. Има и иселеници во поново време.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 194. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 276.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 276.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
- ↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-13.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 7 јули 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-07-07. Посетено на 7 јули 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069