Попадија
Попадија — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Попадија | |
Координати 41°29′46″N 21°46′43″E / 41.49611° СГШ; 21.77861° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29060 |
Попадија на општинската карта Атарот на Попадија во рамките на општината | |
Попадија на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиПопадија — село во областа Раец[2], денес административно под Општина Чашка. Селото е оддалечено 30км јужно од градот Велес. Соседни села на селото Попадија се: Крајници од север, Фариш и Никодин од југ, Мрзен Ораовец од исток, Смиловци од запад.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Велешката каза (нахија Азот) во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Попадија живееле 550 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Попадија имало 640 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550 | 640 | 458 | 422 | 303 | 55 | 13 | 9 | 2 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиПопадија било македонско село.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите, родови во селото:
- Староседелци: Заровци (23 к.) се делат на Кралевци, Мутевци, Чонинци, Прдловци, Златковци и Деловци, и Малиновци (45 к.) се делат на Јарнановци, Јанковци, Ѓоревци, Тренчевци, Ѓорговци, Мурџевци, Трипуновци, Узуновци, Голевци и Бошковци. овие два рода се староседелски, порано живееле во некои сега раселени села во атарот на селото Попадија;
- Доселеници: Бежановци (26 к.) се делат на Јосифовци, Мартиновци, Ѓурлевци, Ковевци, Салвантевци и Пузевци. доселени се од некое село кај Солун (солунско) во Егејска Македонија; Оморанци (2 к.) доселени се од селото Оморани средината на XIX век; Силотијовци (1 к.) доселени се од селото Јасеново во 1860 година.[10]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Велко Попадиски — велешки војвода
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Радовановић, Војслав. Тиквеш и Рајец. стр. 220 (карта на тиквешијата и раец, каде попадија е вметнато во најсеверниот дел од раечкиот крај).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.118-119.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |