Брешко
Брешко — село во Општина Старо Нагоричане, североисточна Македонија.
Брешко | |
Координати 42°12′35″N 21°57′49″E / 42.20972° СГШ; 21.96361° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 8 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17011 |
Надм. вис. | 500 м |
Брешко на општинската карта Атарот на Брешко во рамките на општината | |
Брешко на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Козјачија, крај реката Петрошница. Се наоѓа во ридски предел на најзападните падини на планината Герман, на надморска височина од 600 м. Атарот е мошне мал, со површина од само 1,6 км2[2]
Историја
уредиНа крајот од XIX век Брешко било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Брешка (Брѣшка) имало 108 жители, Македонци христијани.[3][4]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Брежко имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[5] Според бугарски извори, сите 12 куќи во селото во 1904 г. под притисок на српската пропаганда ја признале Цариградската патријаршија за своја црква.[6]
Стопанство
уредиСпоред податок од 1998 г. Брешко поседува 65,8 ха обработливо земјиште 70,6 ха пасишта и 5,4 ха шуми.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, во селото Брешко имало 16 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 108 | 80 | 77 | 78 | 68 | 53 | 45 | 28 | 16 | 16 | 8 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиБрешко е македонско село.
Родови во селото се:
Иселеништво
уредиСпоред истражувањата направени во XX век, родови со потекло од Брешко има во следниве населени места:
- Руѓинце, Оп. Ст. Нагоричане: Брештанци (6 куќи) — забележано во 1971 г.[12]
- Миладиновци, Оп. Илинден: Максимови (1 куќа), доселени во 1926 г. — забележано во 1953 г.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 39. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област.
- ↑ Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955,