Македонски Брод
Македонски Брод (брод - прегазлив дел од река) — гратче во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува средиште на областа Поречје. Од Кичево е оддалечен 27 километри во источен правец, а од Прилеп 37 километри во северозападен правец. Главен проблем претставува патното поврзување со Скопје, бидејќи со изградбата на браната Козјак бил уништен дел од директниот патен правец, па сега за да се стигне до Скопје треба да се поминат околу 150 км преку Кичево, Гостивар и Тетово.
Македонски Брод | |||
---|---|---|---|
град | |||
Панорама на Македонски Брод | |||
| |||
Местоположба на Македонски Брод во Македонија | |||
Координати: 41°30′00″N 21°13′00″E / 41.50000° СГШ; 21.21667° ИГДКоординати: 41°30′00″N 21°13′00″E / 41.50000° СГШ; 21.21667° ИГД | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Југозападен регион | ||
Општина | Општина Македонски Брод | ||
Првпат споменат во | 1300 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Живко Силјаноски (СДСМ) | ||
Надм. вис. | 585 м | ||
Население (2002) | |||
• Вкупно | 3.740 | ||
Демоним | Броѓани (мн.) | ||
Часовен појас | UTC+1 | ||
• Лете (DST) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 048 | ||
Рег. таб. | MB | ||
Мреж. место | www.mbrod.gov.mk |
Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија. Тој се наоѓа во Поречката област и претставува нејзин административен и општински центар. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Оттаму произлегло и неговото име Брод.
На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.
ГеографијаУреди
Гратчето се наоѓа во средишниот дел на Западна Македонија, во областа Порече, во горното течение на реката Треска. Се наоѓа на надморска височина од 545 метри.
ИсторијаУреди
Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани.
Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.
Македонски Брод е стара населба. Прв пат се споменува во една повелба на кралот Стефан Урош II Милутин од 1300 година. Стариот дел на населбата се наоѓал на левиот брег на реката Треска.
Во околината на Брод, во близина на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девините Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.
СтопанствоУреди
Од стопанските дејности населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во градот има неколку индустриски погони меѓу кои најзначано е тутунското претпријатие. Со затворањето на фабриката за изработка на железни монети и огнено оружје „Сувенир“ во селото Самоков (поранешен општински центар) прекина работниот однос на голем дел од граѓаните на Македонски Брод кои беа вработени таму.
ОпштинаУреди
Македонски Брод е центар на истоимената Општина Македонски Брод, општина во западниот дел на Република Македонија. Општината зафаќа површина од 888,97 км2 и според територијата е трета општина по големина во Македонија, веднаш по Прилеп (1.194,94 км2) и Кавадарци (992,44 км2).
КлимаУреди
Територијата на општината се наоѓа под влијаније на умерено-континентална клима, кој се одликува со ладни и врнежливи зими, суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна просечна месечна температура е јули со 25˚C. Најстуден месец со средна просечна месечна температура е декември со -15 до 3˚C. Екстремни температура се движат од 41˚C во август до -27˚C во јануари.
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[1]
- Црква „Св. Богородица“ - изградена во 1872 година и претставува главна парохиска црква на Бродската парохија;
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - изградена во 1998 година;
- Црква „Св. Никола“ - изградена во 1933 година. Потекнува од 14 век, а обновена била и во 18 век.
- Црква „Св. Петка“ - најновата градска црква. Се наоѓа спроти старата болница. Почнала да се гради во 2015 година;
- Археолошки локалитети[2]
НаселениеУреди
Според пописот од 2002 година во градот Македонски Брод живееле 3.740 жители. Македонски Брод бележи благ, но постојан пораст на своето население, кое покрај раѓањето, највеќе се должи на доселувањето на луѓе од селата во Поречието.
- Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 3.740 жители и спаѓал во групата на мали градови.[3] Етнички гледано, населението е составено од:[4]
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Македонци | 3.725 | 99,60 |
Роми | 3 | 0,08 |
Срби | 9 | 0,24 |
Бошњаци | 1 | 0,03 |
други | 2 | 0,05 |
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[4]:
јазик | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
македонски | 3.730 | 99,73 |
ромски | 2 | 0,05 |
српски | 4 | 0,11 |
други | 4 | 0,11 |
- Вероисповед
Во Македонски Брод се застапени следните религиски групи[4]:
религија | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Православни | 3.731 | 99,76 |
Муслимани | 1 | 0,03 |
Католици | 2 | 0,05 |
други | 6 | 0,16 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Македонски Брод:
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1948 | 567 | — |
1953 | 628 | +10.8 % |
1961 | 947 | +50.8 % |
1971 | 1.219 | +28.7 % |
1981 | 1.961 | +60.9 % |
1991 | 3.277 | +67.1 % |
1994 | 3.358 | +2.5 % |
2002 | 3.740 | +11.4 % |
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 567 |
1953 | 613 | 1 | 5 | 0 | 0 | 3 | — | 6 | 628 |
1961 | 931 | 4 | 0 | — | — | 4 | — | 8 | 947 |
1971 | 1.155 | 1 | 0 | 0 | — | 18 | — | 45 | 1.219 |
1981 | 1.926 | 0 | 0 | 10 | 0 | 9 | — | 16 | 1.961 |
1991 | 3.256 | 0 | 0 | 0 | 0 | 8 | — | 13 | 3.277 |
1994 | 3.343 | 0 | 0 | 0 | 0 | 6 | — | 9 | 3.358 |
2002 | 3.725 | 0 | 0 | 3 | 0 | 9 | 1 | 2 | 3.740 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
НаводиУреди
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (II доп. издание). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/567_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0,%202016.pdf.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 5 јули 2016.
Надворешни врскиУреди
- Македонски Брод на Ризницата ?
- Портал на Општина Македонски Брод