Прилепец
Прилепец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Прилепец | |
![]() Стари куќи во Прилепец | |
Координати 41°17′44″N 21°35′8″E / 41.29556° СГШ; 21.58556° ИГДКоординати: 41°17′44″N 21°35′8″E / 41.29556° СГШ; 21.58556° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20086 |
Надм. вис. | 840 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото Прилепец е планинско село. Се наоѓа на Дрен Планина, јужно од градот Прилеп. Соседни населби се Волково и Чумово.
ИсторијаУреди
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
На 20 декември 1942 година во Прилепец бил опколен и разбиен партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ од страна на бугарската војска. Во борбата загинале Стеван Базеркоски - Лански, Борка Спасески-Влачарот, Стеван Димески, Димче Мирчески, Гога Јанкуловски, Пројче Најдоски-Сокле, Бошко Јосифовски и Менде Бошкоски, а Киро Фетак бил фатен и одведен во касарната во Прилеп, каде подоцна бил сурово мачен и убиен.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прилепец живееле 140 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прилепец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Прилепец живеат 9 жители, сите Македонци.[4]
Според пописот од 2021 година во селото Прилепец живеат 4 жители, сите Македонци.
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140[2] | 176[3] | 163 | 161 | 148 | 79 | 79 | 33 | 41 | 9 |
РодовиУреди
Прилепец е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци или со непознато потекло: Ѓондевци (1 куќа) они се многу стар род, возможно е да се староседелци.
- Доселеници: Вишиновци (13 куќи) доселени се од селото Мало Илино во Железник. Од таму избегале „од албанците“. го знаат следното родословие: Наум (жив на 73 г. во 1954 година) Тасе-Наум-Кочо-Вишин, предокот кој се доселил во селото, тоа било почетокот на XIX век; Џамеровци (9 куќи) доселени се од Дебарско. Во местото на старина Турци сакале да им земат некоја девојка и затоа избегале, најпрво во Лагово па во Волково и на крај во Прилепец, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 82 г. во 1954 година) Богоја-Митре, се доселил неговиот татко; Милошевци (5 куќи) и они се доселени од дебарска страна.[6]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1437 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ — селска црква
- Црква „Св. Никола“ — црква на Прилепечкиот манастир
- Манстири
- Прилепечки манастир („Св. Никола“)
- Езера
- Прилепечко Езеро — вештачка акумулација југозападно од селото
- Големо Волковско Езеро — акумулација во атарите на Прилепец и Волково
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Трајан Илиев Секулоски — македонски револуционер од ВМОРО.
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.