Идризово

село во Општина Гази Баба

Идризово — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Идризово
Идризово во рамките на Македонија
Идризово
Местоположба на Идризово во Македонија
Идризово на интерактивна карта

Карта

Координати 41°57′38″N 21°34′32″E / 41.96056° СГШ; 21.57556° ИГД / 41.96056; 21.57556Координати: 41°57′38″N 21°34′32″E / 41.96056° СГШ; 21.57556° ИГД / 41.96056; 21.57556
Општина Гази Баба
Население 1.824 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25066
Надм. вис. 223 м
Идризово на општинската карта
Идризово во Општина Гази Баба.svg

Атарот на Идризово во рамките на општината
Commons-logo.svg Идризово на Ризницата

ГеографијаУреди

Селото се наоѓа во Скопската Котлина на левиот брег на Вардар и практично е приградска населба на Скопје.

ИсторијаУреди

Кон крајот на XIX век селото Идризово е дел од Скопската каза во Отоманското Царство. По Втората балканска војна во 1913 година селото влегува во границите на Србија. На етничката картичка од 1927 година Леонард Шулце Јена кажал дека селото Идризово има нејасен етнички состав. По завршувањето на Втората светска војна крај селото Идризово е создаден логор за интернирање на осудени и осомничени личности.

СтопанствоУреди

Населението на селото Идризово во најголема мера егзистира од земјоделство поради самата местоположба на селото во плодната рамнина на Скопското Поле.

Најповеќе се одгледуваат житните култури (пченица, пченка, јачмен и 'рж),градинарските култури (пипер, домат, компир, кромид и лук), а во голема мера се застапени и индустриските култури (луцерка, граор, фуражна пченка и детелина). Мнозинството од земјоделските производи се пласираат на пазарите во Скопје, а мал дел се ориентирани и за извоз. Жителите на селото одгледуваат и стока, во најголем дел крави, а во помал дел свињи и живина.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948434—    
1953875+101.6%
19611.166+33.3%
19711.562+34.0%
19812.292+46.7%
ГодинаНас.±%
19911.751−23.6%
19941.789+2.2%
20021.589−11.2%
20211.824+14.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Идризово живееле 95 жители, од кои 90 Македонци и 5 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Идризово имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Во 1961 година во селото имало 1.166 жители (589 мажи и 577 жени), додека во 1994 година имало 1.789 жители (907 мажи и 882 жени).

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.589 жители, од кои 686 Македонци, 774 Албанци, 19 Турци, 2 Роми, 8 Срби, 28 Бошњаци и 72 останати. Од жителите 821 биле мажи, а 768 жени.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.824 жители, од кои 826 Македонци, 747 Албанци, 15 Турци, 11 Роми, 9 Срби, 29 Бошњаци, 25 останати и 162 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 95 56 434 875 1.166 1.562 2.292 1.751 1.789 1.589 1.824
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Идризово е мешано село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во Идризово:[10]

Македонски

  • Доселеници: Калеовци (3 к.) најстар род во селото. доселени се од Битолско. не знаат точно кога се доселиле; Кумановци (1 к.) потекнуваат од тројца браќа. Коле, Крсто и уште еден. потеклото на овој род е од селото Матејче кај Куманово. Го знаат следното родословие: Борис (жив на 60 г. во 1953 година) Мане-Крсто, еден од браќата што се доселиле. Преку ова село имаат иселеници во Мралино, Трубарево и Јурумлери; Озимковци (1 к.) доселени се во турско време од Горно Лисиче. А таму биле доселени од селото Долно Соње. Имале роднини во Арачиново и Брњарци; Шаторовци (1 к.) доселени се од селото Булачани, таму имаат роднини. Некое време живееле во Тафталиџе и Јурумлери. Овде живеат од 1930 година; Бебешковци (1 к.) доселени се во 1944 година од селото Говрлево. Таму имале истоимени роднини; Газиновци (1 к.) и они се доселени во исто време и од истото село. И они имале истоимени роднини во Говрлево; Ѓурчевци (1 к.) доселени се во 1944 година од истото село Говрлево. Подалечно потекло имаат од селото Ботушје во Порече; Скендеровци (1 к.) и они доселени се во 1944 година од селото Говрлево. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Долна Река; Стојковски (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Раштак; Симуновци (1 к.) и Пецевци (1 к.) доселени се во 1951 година од селото Градовци.

Поалбанчени Роми (Маљоци)

Албански

Бошњачки

  • Доселеници: Шабовиќи (2 к.) доселени се во 1927 година од Плав во Црна Гора; Мемедовиќи (2 к.) потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Метохија, па околу 1933 година се доселиле во Идризово; Сеферовиќи (3 к.) доселени се во исто време во Идризово со претходниот род. И они потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Ѓаковица, па во Идризово; Луковиќи (2 к.) потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Плав, од Плав во Старо Дворане во Метохија, а во 1933 година се доселиле во Идризово.

Турски

  • Доселеници: Амдиови (1 к.) доселени се од Скопје.

Торбешки

Општествени установиУреди

ПоврзаноУреди

  • Наово — историско село во јужниот дел на атарот на Идризово

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  11. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]

Надворешни врскиУреди