Лавци (Ресенско)
Лавци — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба уреди
Лавци се наоѓа 6,5 км југозападно од Ресен во воздушна линија сметано од средиштата на населените места. Соседни села се: Прељубје (на југ; 1,2 км), Дрмени (на запад; 3,3 км), Царев Двор (на запад; 3,6 км), Горно Дупени (на североисток; 2,2 км), Евла (на север; 3,4 км).
Историја уреди
Стопанство уреди
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавци живееле 276 жители, од кои 150 Турци, 120 Македонци и 6 Албанци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 13 Македонци, 6 Албанци, 98 Турци и 1 останат.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 305 |
1953 | 126 | — | 206 | — | — | — | — | 1 | — | 333 |
1961 | 121 | 1 | 217 | — | — | — | — | — | — | 339 |
1971 | 103 | — | 209 | — | — | — | — | — | — | 312 |
1981 | 97 | 16 | 241 | — | — | — | — | 4 | — | 358 |
1991 | 28 | 4 | 164 | — | — | — | — | 5 | — | 201 |
1994 | 28 | 4 | 113 | — | — | — | — | — | — | 145 |
2002 | 18 | 2 | 113 | — | — | — | — | 1 | — | 134 |
2002 | 13 | 6 | 98 | — | — | — | — | — | 1 | 118 |
Родови уреди
Лавци е македонско-турско село.
- Македонски родови се: Андоновци, Бојчевци, Гештаковци, Жиловци, Таневци (доселени од Коњско во 1934 година), Колевци, Мркачовци, Пандевци и Перовци (доселени од Перово).
- Турски родови се: Алиовци, Зеќировци, Јашаровци, Јуруковци, Резаковци, Селимовци и Шаиновци.[4]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Македонски
- Староседелци и со непознато потекло: Жиловци (8 к.)
- Доселеници: Андоновци (4 к.) доселени се од селото Прељубје; Коњцкари со Ивановци и Тасевци (3 к.) доселени се во 1914 година од селото Коњско. Подалечно потекло од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа; Пандевци (5 к.) доселени се во 1915 од селото Волкодери; Перовци и Голицовци (1 к.) доселени се од селото Перово; Колевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Шурленци; Мркачовци (2 к.) доселени се од селото Горно Дупени;
Муслимански
Општествени установи уреди
Самоуправа и политика уреди
Избирачко место уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1665 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на акиф селимовски.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости уреди
- Верски храмови
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Тумба — населба од доцноантичко време;
- Андонови Градини — населба од римско време;
- Трансформатор — населба од средниот век;
- Стара Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани уреди
Личности уреди
- Гоше Котаревски — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
- Коле Трајчев Узунов — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
Култура и спорт уреди
Иселеништво уреди
Галерија уреди
-
Куќи во западниот дел на селото
-
Улица во западниот дел на селото
-
Улица во средишниот дел на селото
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)