Тополница (Радовишко)

село во Општина Радовиш, Македонија

Тополница — село во Општина Радовиш, во областа Јуруклак, во околината на градот Радовиш.

Тополница

Поглед на селото

Тополница во рамките на Македонија
Тополница
Местоположба на Тополница во Македонија
Тополница на карта

Карта

Координати 41°39′23″N 22°22′35″E / 41.65639° СГШ; 22.37639° ИГД / 41.65639; 22.37639
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Јуруклак
Население 414 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22045
Надм. вис. 520 м
Тополница на општинската карта

Атарот на Тополница во рамките на општината
Тополница на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 562 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Потекло и значење на името уреди

 
Поглед на селото (со повеќе тополи по кои селото го добило своето име)

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Тополница во XVI век (1573 г.). Се претпоставува дека доаѓа од дрвото топола.[4]

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во малото Дамјанско Поле, а во непосредна близина на рудникот „Бучим“.[5] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 520 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 10 километри.[5]

Селото се наоѓа во југозападниот дел на областа Јуруклак, на јужните падини на Плачковица.

До селото води асфалтен пат.

Историја уреди

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 16,2 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 565 хектари, на шумите отпаѓаат 489 хектари, а на пасиштата 472 хектари.[5]

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[5] Во селото работи продавница.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948548—    
1953583+6.4%
1961533−8.6%
1971541+1.5%
1981601+11.1%
ГодинаНас.±%
1991651+8.3%
1994532−18.3%
2002562+5.6%
2021414−26.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тополница живееле 400 жители, сите Турци.[7]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото имало 381 жител, сите Турци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.[9]

Селото е средно по големина коешто во 1961 година броело 533 жители, од кои 274 биле Турци, 156 Албанци и 98 жители Македонци. Во 1994 година селото имало 532 жители, од кои 425 биле Турци, 92 Македонци и 13 жители Албанци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Тополница живееле 562 жители, од кои 55 Македонци, 7 Албанци, 499 Турци и 1 останат.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 414 жители, од кои 4 Албанци, 380 Турци, 2 Бошњаци и 28 лица без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Тополница:

Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 548
1953 0 0 582 0 1 583
1961 97 156 274 0 6 533
1971 138 73 326 1 3 541
1981 153 41 402 0 5 601
1991 111 32 504 0 4 651
1994 92 13 425 0 2 532
2002 55 7 499 0 0 1 562
2021 0 4 380 0 2 0 28 414

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи уреди

 
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Тополница било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Тополница, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево и Сулдурци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурге и Тополница.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1599 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 497 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 495 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[6]
Џамии[14]
Езера

Личности уреди

Родени во или по потекло од Тополница

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 170. ISBN 978-608-220-026-2.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 298. Посетено на 24 јануари 2022.
  6. 6,0 6,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 331. ISBN 9989-649-28-6.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 234.
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 24 јануари 2022.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1558.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди