Лозаново
Лозаново — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.
Лозаново | |
Поглед на селото Лозаново | |
Координати 42°13′30″N 22°19′54″E / 42.22500° СГШ; 22.33167° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Крива Паланка |
Област | Славиште |
Население | 64 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1330 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15027 |
Надм. вис. | 901 м |
Лозаново на општинската карта Атарот на Лозаново во рамките на општината | |
Лозаново на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Славиште, речиси во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, непосредно до самиот град Крива Паланка, така што припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е ридско, чии маала се сместени на надморска височина од 900 метри.[2]
Куќите на ова мало село се наоѓаат во сува долина, северозападно од градот Крива Паланка. Во долниот дел на долината се наоѓа маалото Лозаново со само две куќи, додека останатите маала се наместени повисоко во долината, како што се: Станојковско, Пупевско, Ангеловско и Јовановско.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Барлијска Чука, Бабин Камен, Чука, Анче, Јанково, Рид, Маџово, Шилегарник, Аѓачово, Крст, Камен, Солиште и Страна.[3]
Во периодот 1994-2002, маалото Лозаново било отстрането од атарот на селото и било пренесено во градското подрачје на Крива Паланка, што може да се забележи во драстичниот пад на жители на селото.
Селото Лозаново се наоѓа северозападно од градот Крива Паланка, во негова непосредна близина. На запад и северозапад се граничи со селото Градец, на североисток со селото Дрење и на југоисток со градот Крива Паланка.
Историја
уредиНа атарот на селото постојат остатоци од некогашна населба, како што се гробови и врчви. Сепак, таа населба пропаднала од некоја причина.[3]
За денешното село се кажува дека е ново, основано од доселеници во средината на XIX век. Дошле на земјиште поседувано од Турци и најпрвин било основано маалото Лозаново, сместено веднаш до самиот град Крива Паланка. Останатите маала сместени повисоко се создадени подоцна.[3]
Во XIX век, Лозаново било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот е мошне мал и зафаќа простор од 3,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 167 хектари, на пасиштата отпаѓаат 87 хектари, а на шумите 68 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
За време на Отомаското Царство, селаните ја обработувале земјата на Турците, која подоцна ја откупиле. Во минатото селото имало развиено сточарство.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По Првата светска војна селото било дел од општината Градец и имало 110 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Поради близината до градот, Лозаново имало позитивен популациски биланс, бидејќи бројот на жители се зголемил од 130 жители во 1961 година, на 517 жители во 1994 година.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Лозаново живееле 53 жители, од кои 52 Македонци и 1 Бошњак.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 64 жители, од кои 47 Македонци, 2 останати и 15 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 127 | 136 | 130 | 119 | 223 | 503 | 517 | 53 | 64 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиЛозаново е македонско село.[3]
Родови во селото се:
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:
- Доселеници: Јовановци или Барлинци (5 к.), Станојковци (4 к.), Ангеловци (4 к.), Пупевци или Митевци (3 к.) и Ристовци (2 к.), доселени се пред стотина години, но не знаат од каде се доселени. Во првиот род се знае следното родословие: Мите (жив на 65 г. во 1975 година) Младен-Јован, кој се доселил во селото; Анѓеловци (4 к.) потекнуваат од домазет кој се доселил од селото Осиче.
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Пупевци (5 к.) и Станојковци (2 к.)
- Доселеници: Лозановци (5 к.) доселени се околу 1818 година од селото Трново; Брлијци (7 к.) доселени се околу 1850 година од селото Градец. Подалечно потекло имаат од селото Подржи Коњ.[12]
Порано ова село се сметало како дел од селото Градец
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Во периодот 1950-1952, селото, исто така, било дел од некогашната Кривопаланечна градска општина, во која влегувале градот Крива Паланка и селата Варовиште, Дрење, Кошари и Лозаново.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0948 според Државната изборна комисија, кое опфаќа и дел од градот Крива Паланка, сместено во основното училиште „Јоаким Крчовски“.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 838 гласачи.[14]
Редовни настани
уредиИселеништво
уредиИселеништво има воглавно кон Крива Паланка.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 181. Посетено на 24 јуни 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 320–322.
- ↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-13.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јуни 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 24 јуни 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-06-24. Посетено на 24 јуни 2019.