Панчарево
Панчарево — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.
Панчарево | |
![]() Поглед на маалото Филиповци во селото Панчарево | |
Координати 41°50′58″N 22°54′06″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГДКоординати: 41°50′58″N 22°54′06″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пијанец |
Население | 205[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 2325 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01008 |
Надм. вис. | 800-1000 м |
Слава | Спасовден |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Пијанец, во крајниот северен дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Делчево, како и со државната гранична линија со Бугарија.[3] Селото е ридско-планинско, а куќите се издигаат на надморска височина од 800 до 1.000 метри.[3]
Атарот зафаќа простор од 24,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 926 хектари, на пасиштата отпаѓаат 894 хектари, а на шумите 579 хектари.[3]
Географски, Панчарево е дел од историско-географската област Пијанец, кое денес административно се наоѓа во Општина Пехчево. Селото се наоѓа во најсеверниот дел на општината, и атарот на Панчарево се граничи со Бугарија на исток, со Општина Делчево на запад и со атарот на селото Црник на југ. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.000 метри, на планината Влаина.
ИсторијаУреди
Во XIX век, Панчарево било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]
Главна стопанска гранка во селото е сточарството.
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Панчарево имало 700 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Панчарево имало 560 жители.[5]
Панчарево било големо село, па преминало во средно село по големина, населено само со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 993 жители, а во 1994 година 467 жители.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Панчарево живееле 375 жители, сите Македонци.[1]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Панчарево има 205 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 185 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 20 |
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700 | 560 | 873 | 930 | 933 | 877 | 703 | 493 | 467 | 375 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
РодовиУреди
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
- Староседелци: Грижовци (4 к.), Попчевци (7 к.), Стојовци (4 к.), Чорбаџиовци (5 к.), Копарци (1 к.), Караџевци (10 к.), Филиповци (22 к.), Врановци (10 к.), Цурковци (10 к.), Војниците (2 к.), Врговци (5 к.), Качарци (16 к.), Ризовци (7 к.), Џамбасци (1 к.), Грците (8 к.), Бурнасци (1 к.), Карадаци (1 к.), Шоповци или Трајановци (4 к.), Делијовци (3 к.), Самарџијци (6 к.) Јакутовци (7 к.), Каширци (6 к.) и Враните (5 к.)
- Доселеници: Миравџијовци (7 к.) доселени се во 1816 година од селото Стар Истевник; Мајсторци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Црник; Чобанци (2 к.) доселени се во 1878 година од селото Лешко кај Благоевград, Пиринска Македонија;
Српски
Општествени установиУреди
- Основно училиште „Гоце Делчев“ до IX одделение[11], подрачно училиште на ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево.
- Дом на културата[12]
- Земјоделска задруга
- Амбуланта
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Панчарево, во која единствено село било Панчарево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Панчарево се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.
Во периодот 1955-1965 година, селото се наоѓало во рамките на општината Пехчево, заедно со градот Пехчево и селата Негрево, Робово, Умилена, Црник и Чифлик.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачко место бр. 0018 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 268 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Бобиште — населба од римското време;
- Главица — могила од доцноантичкото време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време; и
- Илина Црква — црква од средниот век.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква;
- Црква „Вознесение Христово“ — поранешна селска црква;
- Споменици
- Биста на Гоце Делчев
- Споменик за паднатите борци во НОБ
- Реки[18]
- Панчаревска Река — мала река низ селото, притока на Брегалница
Редовни настаниУреди
- Спасовден — главна селска слава
ЛичностиУреди
- Родени во Панчарево
- Ангел Шопов — македонски револуционер
- Димитар Гоцев (р. 1945) — поранешниот претседател на ВМРО-БНД, претседател на Македонскиот научен институт во Софија
- Мето Јовановски (р. 1946) — филмски, телевизиски и театарски глумец
- Илија Николовски (р. 1948) — генерал-мајор на АРМ
ПоврзаноУреди
ГалеријаУреди
Селската чешма во маалото Филиповци наречена „Спасина чешма“[19]
Биста на Гоце Делчев
Споменик за паднатите борци од селото во НОБ
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 мај 2018.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 228-229. Посетено на 27 мај 2018.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-3, АЕ, 96/1в.
- ↑ „Образование“. Посетено на 21 мај 2018.
- ↑ „Се реконструира селскиот дом во село Панчарево“. Сител Телевизија. 4 ноември 2017. Посетено на 27 мај 2018.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 27 мај 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 27 мај 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 53-54. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Спасевски, Валери (1 март 2018). „„Спасина чешма", една од најстарите чешми во Пијанец“. Делчево365. Посетено на 27 мај 2018.[мртва врска]