Сланско

село во Општина Македонски Брод


Сланско — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Сланско
Поглед на село Сланско 01.jpg

Поглед на селото Сланско

Сланско во рамките на Македонија
Сланско
Местоположба на Сланско во Македонија
Сланско на интерактивна карта

Карта

Координати 41°29′17″N 21°13′39″E / 41.48806° СГШ; 21.22750° ИГД / 41.48806; 21.22750Координати: 41°29′17″N 21°13′39″E / 41.48806° СГШ; 21.22750° ИГД / 41.48806; 21.22750
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 96 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03041
Надм. вис. 750 м
Слава Илинден
Свети Никола
Сланско на општинската карта
Сланско во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Сланско во рамките на општината
Commons-logo.svg Сланско на Ризницата

Потекло на иметоУреди

Се верува дека името на селото потекнува по извор на солена вода во близина на селото.

Географија и местоположбаУреди

 
Маалото Рајовци

Селото се наоѓа во областа Порече, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Македонски Брод, на северозападните падини на Бушева Планина, од десната страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 4,5 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 17,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.243 хектари, на пасиштата отпаѓаат 212 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари.[2]

Низ селото тече Сланштица, мала планинска река со притоки од длабоки долови.

Сланско има три нееднакви маала, Горно Маало, Мурговци и Рајовци. Двете маала (Горно Маало и Мурговци) ги поврзува главниот селски пат, додека третото маало (Рајовци) е од другата страна на реката.

Селото е поврзано со асфалтен пат од градот Македонски Брод, кој подоцна продолжува до селото Дреново.

Соседни села на селото Сланско се: Дреново од југ, Латово, Пласница и Преглово од запад, Суводол од север, Дебреште и Кошино од исток и југоисток. Селото исто така граничи и со градот Македонски Брод од север.

ИсторијаУреди

 
Групен фотопортрет на Ѓурчин Наумов (лево), Питу Гули (во средината) и Јордан Пиперката (десно).

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 40 семејства, 2 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[3]

Во XIX век, Сланско било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓало на Порече.

СтопанствоУреди

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948599—    
1953612+2.2%
1961579−5.4%
1971406−29.9%
1981303−25.4%
ГодинаНас.±%
1991245−19.1%
1994218−11.0%
2002169−22.5%
202196−43.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сланско имало 560 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сланско имало 600 жители.[5]

Селото преминало од средно во мало, населено со македонско население. Така, во 1961 година Сланско броело 579 жители, а во 1994 година 218 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Сланско имало 169 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 94 Македонци и 2 Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 600 599 612 579 406 303 245 218 169 96
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

РодовиУреди

Сланско е македонско православно село. Селото е многу старо, доказ за тоа се и староседелските родови во селото. Населението верува дека потекнува од тројца, а секој брат основал посебно маало во селото.[11]

Родови во селото се:

  • Во Горно Маало се родовите: Докузовци, Божиновци, Јосифовци, Којовци и Шундевци, сите заедно имаат 53 куќи;
  • Во Мурговско Маало се родовите: Ѓермановци, Најдовци, Стефановци и Тошаревци, сите заедно имаат 35 куќи;
  • Во Рајовско Маало се родовите: Котевци, Таневци, Лапевци и Рајовци, сите заедно имаат 13 куќи.

Сите родови во селото се староседелски.

Самоуправа и политикаУреди

 
Споменици за Илинденското востание и НОБ во селото

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Сланско се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Латово, Суво Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачко место бр. 0229 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 113 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 105 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[15]
Реки

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

ИлинденциУреди

Борци во НОБУреди

 
Загинатите борци од селото за време на НОБ

Културни дејциУреди

ИселеништвоУреди

Со текот на годините огромен број од населението на селото се има отселено.Највише иселеници има во Дреново(32 куќи) и Софија(30 куќи) други иселеници се наоѓаат во: Скопје,Кичево,Македонски Брод,Прилеп,Белград,Крушево[16] и на многу други места.Иселеници од постаро време има и во некои Битолско-Прилепски села[17]

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 273. Посетено на 2 ноември 2017.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.247
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 ноември 2017.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-09-24.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2018-09-24.
  17. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2018-09-24.

Надворешни врскиУреди