Општина Богомила
поранешна општина во Македонија
- За истоименото село, видете Богомила.
Општина Богомила — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Чашка. Седиште на општината било селото Богомила[2].
Општина Богомила
денес дел од Општина Чашка | |
Поглед кон задружниот дом во селото Богомила, некогашно општинско седиште | |
Местоположба на поранешната општина Богомила. | |
Општи податоци | |
Седиште | Богомила |
Регион | Вардарски Регион |
Основана | 1913, 1996-2004 |
Службен јазик | македонски |
Демографија | |
Население | 1252[1] жит. |
Населени места | |
Народности | Македонци |
Самоуправа | |
Контактни податоци |
Територијата на општина се наоѓала во областа Азот. Најголема река во општината била реката Бабуна. Општината се граничела со: Општина Долнени на југ, Општина Македонски Брод и Општина Самоков на запад, Општина Студеничани и Општина Велес на север, Општина Чашка на исток и Општина Извор на југоисток.[1]
Демографија
уредиНа пописот од 2002 година, Општина Богомила имала 1.252 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1.192 |
Албанци | 45 |
Турци | 4 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 5 |
Бошњаци | 0 |
останати | 6 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјална страница на Богомила Архивирано на 21 февруари 2010 г.
- Официјално мрежно место на Општина Чашка