Кучица
Кучица — село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Кучица | |
![]() Поглед кон селото | |
Координати 41°44′32″N 22°22′54″E / 41.74222° СГШ; 22.38167° ИГДКоординати: 41°44′32″N 22°22′54″E / 41.74222° СГШ; 22.38167° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Јуруклак |
Население | 119[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30031 |
Надм. вис. | 770 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Карбинци, а на северозападните ограноци на планината Плачковица, припаѓајќи на групата потпланински села.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 770 метри.[2] Од градот Штип е оддалечено околу 30 километри.
ИсторијаУреди
Во XIX век, Кучица било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Атарот зафаќа простор од 12,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 585 хектари, на пасиштата отпаѓаат 230 хектари, а на обработливото земјиште 189 хектари.[2]
НаселениеУреди
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 86 жители, сите Турци.[3]
Селото е мало, но со пораст на населението. Така, во 1961 година броело 84 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 125 жители, турско население.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Кучица живееле 119 жители, сите Турци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 322 | 303 | 84 | 97 | 119 | 136 | 125 | 119 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Општествени установиУреди
- Основно училиште „Страшо Пинџур“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Кучица, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото било седиште на некогашната Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.
Избирачко местоУреди
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2331 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 140 гласачи.[8]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 136 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Џамии[10]
- Џамија — главна џамија во селото
- Реки[11]
- Козјачка Река — реката настанува со спојување на реката Вртешка и непостојаниот водотек во самото село, каде е позната како Кучишка Река
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 февруари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 171. Посетено на 10 февруари 2021.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 10 февруари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 10 февруари 2021.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.