Почивало

село во Општина Штип

Почивало — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Почивало
Почивало во рамките на Македонија
Почивало
Местоположба на Почивало во Македонија
Почивало на карта

Карта

Координати 41°42′18″N 22°23′01″E / 41.70500° СГШ; 22.38361° ИГД / 41.70500; 22.38361
Општина Штип
Население 63 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 30044
Надм. вис. 930 м
Почивало на општинската карта

Атарот на Почивало во рамките на општината
Почивало на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во крајниот источен дел на територијата на Општина Штип, на југозападната падина на планината Плачковица, чиј атар се граничи со подрачјето на општините Карбинци и Радовиш. Селото е планинско, на надморска височина од 930 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 22 километри.[2]

До селото води асфалтен пат, кој започнува крај селото Кошево, до кое има земјен пат.

Историја

уреди

Подрачјето на Почивало е населено барем од доцноантичко време, за што сведочат остатоци на населба и градишта на наоѓалиштата Ескибал и Исарл'к.[3]

Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот санџак, како дел од Косовскиот вилает на Османлиската Империја.

Во Првата балканска војна, 3 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 15,6 км2. На него пасиштата заземаат површина од 724 ха, на шумите отпаѓаат 393 ха, а на обработливото земјиште 376 ха.[2]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото живееле 365 жители, од кои 265 Турци и 100 Македонци.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 524 жители, од кои 396 Турци и 128 Македонци.[7]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948362—    
1953421+16.3%
196165−84.6%
197142−35.4%
198156+33.3%
ГодинаНас.±%
199174+32.1%
199485+14.9%
200279−7.1%
202163−20.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[8]

На пописот од 2002 година, селото имало 79 жители, 74 Турци и 5 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 63 жители, од кои 60 Турци и 3 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 365 96 362 421 65 42 56 74 85 79 63
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Штип.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Радање, во која покрај селото Почивало, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Шашарвалија во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Калапетровци, Кошево, Никоман, Почивало и Шашарвалија.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на шумска куќа "македонски шуми"подружница за шумарство.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Ескибал — населба од доцноантичко време;
  • Исарл'к — градиште од доцноантичко време;
  • Кисетарла — средновековна црква со некропола;
  • Стаиќувез — средновековна некропола;
  • Фрн — доцносредновековна населба.

Џамии

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 242.
  3. 3,0 3,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 439. ISBN 9989649286.
  4. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 872. ISBN 954-9800-52-0.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 134-135.
  7. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди