Церово (Тетовско)
Церово — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 511 жители.
Церово | |
Координати 41°59′32″N 21°8′9″E / 41.99222° СГШ; 21.13583° ИГД | |
Општина | Желино |
Население | 368 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28087 |
Надм. вис. | 779 м. м |
Церово на општинската карта Атарот на Церово во рамките на општината | |
Церово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиЦерово се наоѓа во областа Долни Полог. Селото лежи на западните падини на Сува Гора. Нема села во близина, а најблиско е Групчин.
Историја
уредиСпоред податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 140 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 43 куќи со 213 жители Албанци.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По Балканските војни е забележано со 163 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 511 жители, од кои 1 Македонец и 510 Албанци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 368 жители, од кои 327 Албанци и 41 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | ― | 327 | 351 | 371 | 442 | 431 | 0 | 435 | 511 | 368 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиЦерово е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Браимлар (11 к.) доселени се од некое село во Дебарско. Нивното потекло е торбешко. Го знаат следното родословие: Шериф (жив на 60 г. во 1940-тите) Шериф-Мустафа-Велија-Браим, кој се доселил во селото.
- Меметалар (9 к.) доселени се од некое село во областа Голо Брдо. И нивното потекло е торбешко. Овде се дојдени во почетокот од XIX век.
- Алкалар (5 к.) доселени се од некое село во Дебарско. Потеклото им е торбешко.
- Голобрѓан (3 к.) доселени се од некое село во областа Голо Брдо. Потеклото им е торбешко. Од старото место најпрво се населиле во гостиварското село Чегране, па од таму во Церово. Овој род тешко се множи.
- Џаферлар (5 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое место во Албанија.
- Асанлар (9 к.) доселени се, но не знаат точно да кажат од каде.
- Асе или Имералар (7 к.) доселени се од местото Хас во северна Албанија
- Чорокане (2 к.) доселени се однекаде од Албанија. Имаат роднини во гостиварското село Чегране.[12]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2097 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 464 гласачи.[14]
Иселеништво
уредиОд старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае за родовите. Жуљеи иселени се во тетовското село Сиричино. Казовци иселени се во тетовското село Прељубиште. Јесероски исто така во Прељубиште. Големо Милошевци иселени се во тетовското село Туденце.[12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Церово на Карти на Гугл