Зајас
Зајас — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево. До 2013 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.
Зајас | |
Координати 41°36′25″N 20°56′17″E / 41.60694° N; 20.93806° EКоординати: 41°36′25″N 20°56′17″E / 41.60694° N; 20.93806° E | |
Општина | ![]() |
Население | 4.712 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6253 |
Шифра на КО | 12022, 12522 |
Надм. вис. | 755 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Зајас се наоѓа во северниот дел на областа Кичевија, на 10 километри северно од Кичево. Селото се наоѓа крај Зајаска Река. Името на селото на месниот дијалект е Зајаз (Zajaz).
Потекло на иметоУреди
Се смета дека името на селото доаѓа од долот (јазот) во кој се плакнело железото, а селото се наоѓало зад, па така е наречено зајаз, денес Зајас.
ИсторијаУреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 70 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[1]
Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, Албанците во селото се населиле во XVIII век[2]. Изворното население на Зајас било христијанско. Околу 1740 г. селото е албанизирано со населување или исламизација. Населените Албанци ги нападнале ооколните православни села и ги колонизирале. Такви се Црвивци, Бериково, Трапчин Дол и други[3][3] К’нчов забележал дека во селото во 1900 година имало 2.150 жители Албанци.[4] Слични ставови имал и рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
ДемографијаУреди
Според пописот од 2002 г. во Зајас живееле вкупно 4.712 жители[6], од кои:
РодовиУреди
Како едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Думовци, Џаковци, Лимановци и Браовци, сите заедно имаат околу 240 куќи. Доселени се од споменатата област Мат (во северна Албанија) кон крајот на 18 век.[7]
Зајас е албанско село.
Родови во селото се:
- Во Џума маалото се следните родови: Думовци, Лановци, Џаковци, Лимановци, Браовци, сите имаат околу (240 к.) куќи. Предците на споменатите родови се доселиле кон крајот на XVIII век. Во родот Думовци се знае следното родословие: Мустафа (жив на 51 г. во 1961 година) Асан-Муарем-Реџеп-Садик-Муарем, основачот на родот кој се доселил.
- Во Теќе маалото се следните родови: Томај, Јаовци, Пирковци и Коџовци, сите заедно имаат (117 к.), предците на споменатите родови се доселени кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век. Во родот Пирковци се знае следното родословие: Медија (жив на 62 г. во 1961 година) Велија-Усејин-Велија-Усејин, се доселил таткото на Усејин.
- Во Челиковци маалото е родот Челиковци (40 к.) основачот на родот е доселен кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век.
- Во Туфковци маалото е родот (10 к.) основачот на родот е доселен кога и другите родови.
Сите албански родови имаат потекло од областа Матија во Албанија.[8]
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постојат изборните места бр. 814, 815, 816, 816/1 и 819 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 4.171 гласачи.[10]
ЛичностиУреди
- Али Ахмети — политичар, водач на ДУИ
- Муса Џафери — политичар од ДУИ
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.266
- ↑ Кънчов, Васил, Македония. Етнография и Статистика, София 1900, с. 95
- ↑ 3,0 3,1 Димитрије Богдановић: „Књига о Косову”, Београд 1986
- ↑ Кънчов, Васил, Македония. Етнография и Статистика, София 1900, с. 255
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Зајас на Карти на Google