Стрелци

село во Општина Кичево


Стрелци — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.

Стрелци
Поглед на Стрелци 2.jpg

Поглед на селото

Стрелци is located in Македонија
Стрелци
Местоположба на Стрелци во Македонија
Координати 41°32′30″N 21°00′01″E / 41.54167° N; 21.00028° E / 41.54167; 21.00028Координати: 41°32′30″N 21°00′01″E / 41.54167° N; 21.00028° E / 41.54167; 21.00028
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Област Горно Кичево
Население 1.421[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6262
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12071, 12571
Надм. вис. 820 м
Стрелци на општинската карта
Стрелци во Општина Кичево.svg

Атарот на Стрелци во рамките на општината
Commons-logo.svg Стрелци на Ризницата

ЕтимологијаУреди

Постои верување дека името на селото дошло од тоа што неговите жители биле добри стрелци и преку лето гаѓале орли со стрели.[2]

Географија и местоположбаУреди

 
Сретселото

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Кичево е оддалечено 6 километри.[3] Стрелци се наоѓа на западните падини на планината Челоица.

Куќите на ова големо село се наоѓаат во подножјето на масивот Голи Рид, но и во доловите и на благите падини. Околни села се: Гарани, Шутово и Лазаровци.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Башица, Каменица, Покошта, Бара, Гола Мара, Брждане, Копиде, Варнина и Дојче.[4]

Селото има разбиен тип. Може да се издвојат шест маала, кои поделени од северозапад кон југоисток се: Велиовско, Љошовско, Емровско, Имероско, Љукручевско и Каленџиовско.[4]

ИсторијаУреди

Стрелци е старо село во Кичевско, кое најпрвин било населено само со словенско-христијанско население. Во средниот век, цар Душан ја приложил црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Св Врачи“) на манастирот Високи Дечани, а потоа во 1348 година го предал на манастирот Хиландар.[4]

Селото се сретнува под истото име во втората половина на XV век во турските пописни дефтери, кога имало 32 словенско-христијански куќи,[4] во кои имало 29 семејства и 3 неженети, сите христијани.[5]

Од почетокот на XIX век започнале да се населуваат Арбанаси во соседното село Гарани и од северна Албанија. Откако започнале да прават зулуми, Македонците почнале да се иселуваат, иако во тоа време броеле околу 30 домаќинства. Последен македонски род, кој се иселил во втората половина на XIX век биле Трпчевски. Тие сега живеат во селото Лазаровци, а нивното маало во Стрелци се нарекувало Раковци.[4]

Во XIX век, Стрелци било село во Кичевската каза, на Отоманското Царство.

Во втората половина на XIX век, Стрелци веќе станало целосно арбанашко село. Во него постојано се населувале Арбанаси од соседното село Гарани. Први доселеници биле од родот Љукручевци.[4]

СтопанствоУреди

 
Поглед на селото

Атарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 279 хектари, на шумите отпаѓаат 238 хектари, а на пасиштата 155 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти.[3]

Додека во селото живееле Македонците, во селото постоел чифлиг, чии сопственици биле браќата Ејуповци од Кичево. Земјата на чифлигот подоцна била продадена на доселените Арбанаси.[4]

НаселениеУреди

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 95 жители, сите Албанци.[6]

Во Стрелци живее албанско население, коешто во 1961 година броело 752 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил дури на 1.274 жители.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Стрелци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Стрелци живееле 1.421 жител, од кои 1.409 Албанци и 12 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 95 582 665 752 1.173 1.563 13 1.274 1.421
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Стрелци е албанско село. Муслиманското население во Стрелци потекнува од доселените родови од соседното село Гарани.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Љукручевци (45 к.), Емровци (19 к.), Имеровци (19 к.), Велиовци (10 к.), Каленџиовци (8 к.), Љошовци (7 к.), Коче (5 к.) и Цуре (3), сите овие родови првин се доселени од Гарани, а потекнуваат од предци доселени од областа Матија во северна Албанија кои се населиле на крајот од XVIII и почетокот од XIX век.

Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[2] Никручовци (30 к.), Каленџиовци (16 к.), Велијовци (3 к.) и Лошовци (4 к.), сите дошле од Гарани; Хетовци (2 к.), не знаат од каде се доселени.

Општествени установиУреди

 
Основното училиште во селото

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Стрелци, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стрелци, заедно со селата Гарани, Лазаровци, Мамудовци, Премка, Стрелци и Шутово.

Изборно местоУреди

Во селото постојат изборните места бр. 0793 и 0793/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 1.284 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Новата селска џамија
Археолошки наоѓалишта[12]
  • Раковце — средновековна црква и некропола;
  • Рид — средновековна црква и некропола; и
  • Црква — средновековна црква и некропола.
Цркви

Во минатото во селото постоел храмот „Св. Илија“, како и средновековната црква „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врачи“).[2][4]

Џамии[13]
  • Стара џамија — главна селска џамија, изградена во Имеровско маало во 1928 година; и
  • Нова џамија — нова селска џамија, изградена во Каленџиовско маало.
Езера

ИселеништвоУреди

Покрај наведените иселувања кои се случиле во минатото на македонското население, во поново време има поединечни иселувања и на Албанците, па така се знае за најмалку 7 семејства кои се преселиле во Кичево и едно во Турција.[4]

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 288. Посетено на 16 јануари 2021.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 30–31.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.225
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 255.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 16 јануари 2021.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 11 ноември 2019.
  12. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 170. ISBN 9989-649-28-6.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди