Отвори го главното мени

Географиja и местоположбаУреди

Селото Доброште е 15 км оддалечено од Тетово. Сместено е на надморска височина од 494 м. Има над 3500 жители.

ИсториjaУреди

Според турски извори, селото датира од 1453 година. Во 1953 година во селото е откриен сад со 782 венецијански, 6 бугарски, 4 хрватски и 265 српски пари скриени околу 1311 г. и се чуваат во Музејот во Белград[1]. Албанците од Доброште дошле од Дебар и Љума[2].

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен и имало 160 семејства, 10 неженети и 21 вдовица, сите христијани.[3]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1616-1627 година се споменува како село Добреште со 89 домаќинства.[4]

Легенда за името на селото
Heкој пути селово наше (се мисли на Непроштено) било триесет и осом куќи. И ка била битката на Косово, ка се тепале на Косово, ка проаѓала вojcкa овде натамо, имало војска тамо много. Турците, oвja не знаеле и некоа баба од овдека ги излажала.
  • - Ал, има тамо војска?
  • - Нема - рекла.

И Oвj'a тамо посрадале војската. И Koгaj посрадала тамо, еден се повратил, рекол:

  • - Бабата што излажала, никако да не ѝ е простено Heјзe!

И затоа останало Непроштено. Тоа го рекол TOJ ШТО ГО излажала, офицерот. Kej ишал натамо Kej Доброште, тамо нешто добро му казале и затоа се вика Доброште селото. Вратница се вика зашто Kej ишле натамо се повратиле туека[5].

ЕкономијаУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Доброште живееле 416 жители, од кои 220 Македонци и 196 Албанци.[6]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Доброште имало 192 Македонци, егзархисти.[7]

Според пописот од 2002 година Доброште има 3.549 жители, од кои:[8]

Националност Број
Македонци 345
Албанци 3.160
Турци 2
Роми 0
Власи 0
Срби 3
Бошњаци 1
други 38

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.726
1953 354 1.314 150 36 21 ... 1 1.876
1961 332 1.688 29 ... ... 10 ... 9 2068
1971 334 2.308 ... 6 ... 4 2.652
1981 363 2.944 1 10 ... 21 3.339
1994 332 2.916 12 ... 3 3.263
2002 345 3.160 2 3 1 38 3.549

РодовиУреди

Доброште е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото сe

Македонци:

  • Миланчевци (3 к.) староседелци. Ја знаат следната генеологија Стеван (жив на 75 год. во 1948 година) Стојко-Димо, Димо отишол во скопското село Кондово, па се вратил назад во селото. Имаат многу изумрени родови.
  • Поповци (2 к.) староседелци. Од овој род потекнувале селските свештеници.
  • Дуковци (4 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Василевци (1 к.) староседелци. Имаат иселеници во Ратае.
  • Димишовци (1 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје, Ѓорче Петров (едно семејство).
  • Симуновци (7 к.) не се знае дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.
  • Крагулевци (13 к.) доселени се од денес албанското село Котлина кај Качаник во Косово. Ја знаат следната генеологија Софро (жив на 45 год. во 1948 година) Зако-Петко-Синадин, еден од првите доселеници.
  • Јанчевци (9 к.) доселени се од соседното село Јелошник. Таму се викале Јаноќеј и биле староседелци.Ја знаат следната генеологија Милан (жив на 32 год. во 1948 година) Спасо-Димитрија-Јане.
  • Рајковци (4 к.) исто потекло како и претходниот род.
  • Поповци (2 к.) доселени се од мијачкото село Галичник. Таму се викале Грандевци. Имаат роднини во Скопје и Белград.
  • Поповци (2 к.), Кузмановци (1 к.) и Момировци (2 к.) доселени се од селото Јелошник.
  • Грапцевци (1 к.) доселени се од Горње Село (Средска) кај Призрен во Косово. Доселени се во 1917 година.
  • Деримановци (1 к.) исто потекло како и претходниот род. Доселени се овде една година после родот Грапцевци.

Албанци:

  • Пржаљ (6 к.), Читак (5 к.), Татар (3 к.) и Сакалар (3 к.) потеклото на овие родови е турско. Порано зборувале турски, но мешајќи се со Албанците сега целосно го заборавиле турскиот јазик, и зборуваат само албански. Првиот род е најстар муслимански род во селото.
  • Ченан (4 к.), Первизе (34 к.), Тркаљач (5 к.), Рустемлар (11 к.), Прењас (15 к.), Фиде (14 к.), Парлапан (8 к.), Дибран (7 к.), Љури (9 к.), Булице (6 к.), Исеновче (4 к.), Чолаке (4 к.), Муљак (3 к.), Доќе (3 к.), Авдиљче (4 к.), Муноќе (4 к.), Диналар (4 к.) и Бојдане (6 к.) на сите овие родови потеклото им е од северна Албанија, некои од родовите имињата ги носат по областите од кои дошле (Дибре, Љури, итн.). Некои од родовите се доселени овде преку околните села, во Македонија и во Косово.[10]


Општествени институцииУреди

Во селото има основно училиште (ОУ "Фаик Коница") и спортски терени изградени од странска хуманитарна помош. Џамијата е стара околу 350 години и црквата Св. Јован Крстител со интересна градба е доста постара. Над неа се наоѓа уште една малечка црква посветена на Св. Никола. Од вкупно пет, моментно има само една добро сочувана воденица, која сè уште работи, отсликувајќи дел од минатите времиња.

Администрација и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

  • Црквиште - археолошки локалитет од доцниот среден век

Над селото, на Шар Планина се наоѓаат две глацијални езера:

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

  • ФК Слога од 1977-1998 сега KF "Dobrosht 98"

ИселеништвоУреди

Освен споменатите иселеници при описот на родовите, се знае и за други иселеници од селото. Гогоевци се иселени во Русе во Бугарија. Таму отишле во турско време. Чукаловци, они се изумрени, а само една нивна фамилија е иселена во Тетово. Анѓелковци изумреле целосно во селото. Русевци се иселиле целосно во Бугарија и на други места. Душан (1 к.) се иселил како домазет во селото Беловиште. Реџо (1 к.) Ром. се иселил во Беловиште.[10]

НаводиУреди

  1. Средновековни градови и тврдини во Македонија“, Иван Микулчиќ
  2. Материали (София), 437, 439, 446-447
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.363
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  5. Тоде Богданов Блажевски, роден во 1869 год., во с. Непроштено. Снимил Боголуб Стефановски, во с. Непроштено, во 1969 год., АИФ, м.л. 863, 79
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.
  7. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  8. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 

Надворешни врскиУреди