Грачани
Грачани — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје. Денес нема жители.[1]
Грачани | |
![]() Сокак во Грачани | |
Координати 42°05′18″N 21°17′37″E / 42.08833° N; 21.29361° EКоординати: 42°05′18″N 21°17′37″E / 42.08833° N; 21.29361° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1060 |
Повик. бр. | 20 |
Шифра на КО | 25060 |
Надм. вис. | 580 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, помеѓу долините на реките Вардар и Лепенец. Атарот на север се граничи со Општина Качаник во Косово.[2] Ова е ридско село, на надморска височина од 580 м.
ИсторијаУреди
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грачане (Gračane) како албанско село.[3]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го означил Грачане како албанско село.[4]
СтопанствоУреди
Селото има полјоделско-шумарска функција. Атарот зафаќа површина од 9,2 км2. Според податоци од 1990-тите, највеќе простор зафаќат шумите (441 ха), потоа пасиштата (269 ха), а на обработливо земјиште отпаѓаат 174,1 ха.[2]
ДемографијаУреди
Селото доживеало пораст на населението во повоениот период. Забележан е релативно благ пад на бројноста во текот на 1970-тите, со 358 жители во 1981 г. На пописот од 1991 г. во Грачани не е заведен ниеден жител, што се должи на фактот што тоа било меѓу селата кои целосно го бојкотирале пописот.[5] Ова не ја изменило стварноста дека селото речиси се испразнило, бидејќи на пописот три години подоцна е забележан само 21 жител, а во текот на следните години било сосема е напуштено. Според пописот од 2002 година, Грачани немало ниеден жител.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 383 | 392 | 414 | 442 | 358 | 0 | 21 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Општествени установиУреди
НаводиУреди
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 86. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ Фусноти кон пописите на населението во Македонија — Државен завод за статистика, база МАКСтат
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.