Групчин
Групчин — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, во селото имало 968 жители.
Групчин | |
Координати 41°58′4″N 21°7′49″E / 41.96778° СГШ; 21.13028° ИГД | |
Општина | Желино |
Население | 930 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1218 |
Шифра на КО | 28019 |
Надм. вис. | 484 м. м |
Групчин на општинската карта Атарот на Групчин во рамките на општината | |
Групчин на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиГрупчин се наоѓа во Долни Полог. Селото лежи на горното течение на реката Суводолица. Селото е во близина на автопатот Тетово-Скопје, и во близина се селата Копачин Дол и Чифлик.
Историја
уредиСпоред податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 330 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од истоимената општина и имало 40 куќи со 259 жители Албанци.[3]
- Археолошки наоѓалишта
- Грамада — пештерно светилиште од доцноантичко време;
- Мала Пештера — пештерно светилиште од доцноантичко време;
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По Балканските војни е забележано со 276 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 968 жители, од кои 966 Албанци и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 930 жители, од кои 871 Албанец и 59 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330 | — | 424 | 503 | 547 | 627 | 744 | 0 | 876 | 968 | 930 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиГрупчин е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Скуре (20 к.) доселени се од некое место во областа Матија во Албанија. Го знаат следното родословие: Челепи (жив на 55 г. во 1940-тите) Џемаил-Муртезен-Мерсел, кој се доселил во селото.
- Мајск (10 к.) и они се доселени заедно со родот Скуре од областа Матија во Албанија.
- Авдиле (20 к.) потекнуваат од предокот Авдил, кој се доселил од некое место во Албанија.
- Боче (9 к.) доселени се исто така од некое место во Албанија.[12]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2092 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 980 гласачи.[14]
Иселеништво
уредиОд старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родовите Терзиовци, Гинделовци и Шамаловци кои се иселиле во Македонски Брод во Порече.[12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Групчин на Карти на Гугл