Горно Татеши

село во Општина Струга

Горно Татеши — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Горно Татеши
Горно Татеши is located in Македонија
Горно Татеши
Местоположба на Горно Татеши во Македонија
Координати 41°15′37″N 20°40′37″E / 41.26028° N; 20.67694° E / 41.26028; 20.67694Координати: 41°15′37″N 20°40′37″E / 41.26028° N; 20.67694° E / 41.26028; 20.67694
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Население 1148 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 26013
Надм. вис. 701 м
Горно Татеши на општинската карта
Горно Татеши во Општина Струга.svg

Атарот на Горно Татеши во рамките на општината

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во северните предели на Струшкото Поле.

ИсторијаУреди

На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија на Охридската каза во Отоманското Царство.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 160 жители муслимани.[1]

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татеши (Горно и Долно) живееле 750 жители, од кои 450 Албанци и 300 Македонци.[2]

Селото броело 633 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 869 жители.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.148 жители, од кои:[3]

Националност Вкупно
Македонци 1
Албанци 1.144
Турци 0
Роми 0
Власи 1
Срби 0
Бошњаци 0
останати 2

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 750[2] 517 584 633 719 807 869 1.148

РодовиУреди

Горно Татеши е албанско село.

Родови во селото се: Тела, Ава, Таири, Џелка, Мерсими, Шабани, Диша, Арслани, Брава и Селмани. Просечно секој род има по 10 куќи. Сите родови потекнуваат од двајца браќа (Диша и Али) кои се доселиле околу 1830та година од селото Слатино, Голо Брдо. Нивниот трет брат тогаш се населил во селото Долно Татеши.[5]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 254.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  5. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.

Надворешни врскиУреди