Долно Српци

село во Општина Могила

Долно Српци — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Долно Српци

Панорамски поглед на селото Долно Српци

Долно Српци во рамките на Македонија
Долно Српци
Местоположба на Долно Српци во Македонија
Долно Српци на карта

Карта

Координати 41°10′27″N 21°21′55″E / 41.17417° СГШ; 21.36528° ИГД / 41.17417; 21.36528
Регион  Пелагониски
Општина  Могила
Област Пелагонија
Население 393 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7245
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02041
Надм. вис. 593 м
Слава Тодорица
Долно Српци на општинската карта

Атарот на Долно Српци во рамките на општината
Долно Српци на Ризницата

Потекло на името уреди

Името на селото се поврзува со неговата местоположба. Теренот наликува на заоблен лак во вид на срп, поради што селото го добило тоа име. Именувано е како Долно Српци, затоа што во Битолско постои уште едно село со слична местоположба, наречено Српци или Горно Српци.[2]

Некогаш селото се сретнува и под името Српци Паша.[3]

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото Долно Српци

Ова село се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Могила. Сместено е на десниот брег на реката Црна Река.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри. Се наоѓа на патот и на железничката линија Битола-Прилеп, а од самиот град Битола е оддалечено 21 километар.[4]

Долно Српци е големо потпланинско село сместено во западниот дел на Пелагонија. Околни села се: Беранци на југ и Новоселани на север.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ќеран, Сливје, Голема Осојница, Голем Присој, Мртвица, Лески, Сигуреац, Мечоа Глава, Широка Пола, Дулишта, Бели Камења, Висока Тумба, Каракамен, Алтиица, Јанчески Ливади, Кобел, Селиште, Турски Гробишта и Ради Река.[3]

Селото е од многу збиен тип и е поделено на две маала, Горно и Долно. Одредени делови од селото добиле имиња по поголемите родови.[3]

Историја уреди

 
Воени гробишта од Првата светска војна

На планинската падина, 3 километри од денешното село, се наоѓа месноста Селиште. Таму се забележуваат остатоци од куќи и едно црквиште. Мештаните кажуваат дека таму било старото село. Подоцна се симнале долу на денешната местоположба. Од тие мештани потекнуваат денешните староседелски родови.[3]

Селото под името Српци се споменува во османлиските дефтери од 1468 година, со 88 христијански семејства. Во 1568 година, се споменуваат две села со истите имиња, едното со 50, а другото со 24 христијански семесјтва.[5]

Во средината на XIX век, Српци имало 40 до 50 доселени турски и 6-7 стари македонски родови. Во тоа време избила чума меѓу Турците и малкуте преживеани заминале главно во Битола, а малкумина во Канатларци и Трновци. Во тоа време во селото постоела и џамија, која се наоѓала на денешната месност Турски Гробишта, кај училиштето во горниот дел на селото.[3]

Во селото постои црквата „Св. Теодор Тирон“, изградена во 1929 година во самото село, која е една од најголемите и најдобро изградените во областа.[3]

Во XIX век, Долно Српци било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

За време на турското ропство во Долно Српци постоеле неколку турски чифлици, чии сопственици живееле во Битола.[3]

Стопанство уреди

Атарот е голем и зафаќа простор од 24,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.500,4 хектари, пасиштата заземаат 789 хектари, а шумите само 18,1 хектар.[4]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[4]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.180—    
19531.136−3.7%
19611.307+15.1%
19711.338+2.4%
19811.433+7.1%
ГодинаНас.±%
1991785−45.2%
1994545−30.6%
2002479−12.1%
2021393−18.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Српци живееле 820 жители, сите Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Старо Српци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 90 куќи.[7]

По Првата светска војна, селото е дел од Ивањечка општина и има вкупно 695 жители.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[9]

Од селото се иселил значителен број од населението. Во 1961 година селото броело 1.307 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 545 жители, од кои 542 Македонци.[4]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Долно Српци живееле 479 жители, од кои 478 Македонци и 1 останат.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 393 жители, од кои 337 Македонци, 2 Албанци и 54 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 820 480 1.180 1.136 1.307 1.338 1.433 785 545 479 393
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Долно Српци е македонско православно село.[3]

Родови во селото се:

  • Староседелци: Јаневци или Кулевци (12 к.), Грашевци (4 к.), Љушповци (2 к.) и Лозановци (1 к.), за овие родови се вели дека се староседелски, кои некогаш живееле во месноста Селиште.
  • Доселенички: Коњарци (3 к.), доселени се од селото Коњари кај Прилеп; Газдевци (4 к.), доселени се од селото Љубојно, Преспа; Ралевци (4 к.), Мицковци (3 к.) и Дамевци (2 к.), доселени се од Новоселани; Магловци (1 к.), доселени се од Кукуречани, каде имаат истоимени роднини; Кадриовци (9 к.), Цековчиња (4 к.) и Водиловци (1 к.), доселени се од некои прилепски села; Ристевци (8 к.), Момировци (5 к.), Дургутовци (4 к.), Главевци (2 к.), Думевци (2 к.), Ќебаковци (5 к.), Нешковци (4 к.), Чалевци (6 к.) и Чочоровци (4 к.), доселени се од некои мариовски села; Зајковци (6 к.), Миновци (3 к.) и Вељанчевци (2 к.), доселени се од Беранци; Грујовци (3 к.), доселени се од Лознани; Лукаревци (4 к.), доселени се од Ивањевци; Кумбуловци (1 к.), доселени се од Долна Чарлија; Глигуровци (2 к.), доселени се од Лисолај; Мурговци (1 к.), доселени се од Ново Змирново; Велевци (1 к.), доселени се од Могила; Недановци (7 к.), Емишовци (3 к.), Муратовци (3 к.), Козаровци (3 к.), Органџиовци (2 к.), Шамбевци (2 к.), Дулевци (2 к.) и Анѓелковци (2 к.), доселени се, но не знаат од каде.

Општествени установи уреди

 
Поглед на основното училиште во селото Долно Српци

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кукуречани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Долно Српци, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на Општина Српци, во која влегувале селата Беранци, Вашарејца, Лознани и Српци.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0188 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 385 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 379 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Поглед на главната селска црква „Св. Теодор Тирон“
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
Споменици
  • Споменик за загинатите комити од селото

Редовни настани уреди

Слави[2]

Култура и спорт уреди

Фудбалскиот клуб Пелагонија Бел Камен постои од 1952 година и моментално се натпреварува во втората општинска лига на Битола или петта македонска лига.

Иселеништво уреди

Се знае за следните иселени родови од селото: Шамбевци (10 к.) во Радобор; Вељановци (8 к.) во Беранци; Српчани (2 к.), живеат во Могила; Магловци (1 к.), во Црнобуки; Српчани (2 к.) во Поешево; Српчани (3 к.) во Карамани; Стојановци (3 к.) живеат во Свето Тодори и Српчани (3 к.) во Долно Оризари.[3]

Од ова село има иселено над 1.000 лица. Најголем дел од нив се имаат иселено во градовите Битола, Прилеп и Скопје, но и во прекуокеанските земји и во Европа.[2]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-06-30. Посетено на 2019-11-03.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. Посетено на 3 ноември 2019.
  5. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 148.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  8. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 4“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-12.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 17 октомври 2021.
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди