Матејче

село во Општина Липково

Матејче — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.

Матејче
Матејче во рамките на Македонија
Матејче
Местоположба на Матејче во Македонија
Матејче на карта

Карта

Координати 42°7′32″N 21°35′52″E / 42.12556° СГШ; 21.59778° ИГД / 42.12556; 21.59778
Општина Општина Липково
Население 2.961 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17062, 17562
Надм. вис. 465 м
Матејче на општинската карта

Атарот на Матејче во рамките на општината
Матејче на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Историја

уреди

Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ познат како Жеглиговски манастир потекнува од XIV век.

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19482.657—    
19532.637−0.8%
19612.345−11.1%
19712.616+11.6%
19812.781+6.3%
ГодинаНас.±%
1991414−85.1%
19943.137+657.7%
20023.394+8.2%
20212.961−12.8%

Во минатото Матејче било чисто македонско село. Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го означил Матејци како село населено само од Македонци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Матејче живееле 638 жители, од кои 536 Албанци, 52 Роми и 50 Македонци.[4][5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Матејче имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци, 950 Албанци и 250 Турци.[7]

Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.394 жители, од кои 17 Македонци, 3.012 Албанци, 325 Срби и 39 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 2.961 жител, од кои 1 Македонец, 2.855 Албанци, 4 Срби, 1 Бошњак и 100 лица без податоци.[9]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 2.657
1953 83 183 1.564* 33 767 ... 7 2.637
1961 82 264 1.120* ... ... 822 ... 57 2.345
1971 108 1.482 305* 27 ... 663 ... 31 2.616
1981 48 2.131 88* 2 498 ... 14 2.781
1991 14 18 376 6 414
1994 11 2.759 1 355 11 3.137
2002 17 3.012 325 1 39 3.394
2021 1 2.855 4 1 100 2.961

*Оние жители кои се изјасниле како Турци, всушност претставуваат етнички Албанци, кои со цел да се приклучат на процесот на иселување кон Турција, се определувале за Турци.

Родови

уреди

Матејче е православно (македонско-српско) и муслиманско (албанско-ромско) село.

  • Православни родови во селото се: Петревци (5 к.), Ѓоргијовци (3 к.), Трајковци (2 к.), Стојановци (2 к.) и Аврамовци (2 к.) староседелци; Доселените родови сите се дојдени после 1912 година, а тоа се: Николиќи (4 к.), Алексиќи (4 к.), Спасиќи (4 к.), Филиповиќи (4 к.), Стојановиќи (3 к.), Ѓуриќи (2 к.), Ѓорѓевиќи (2 к.), Илиќи (2 к.), Јовановиќи (2 к.), Петровиќи (3 к.), Младеновиќи (2 к.), Јовановиќи (2 к.), Николиќи (2 к.), Лилиќи (1 к.), Живиќи (1 к.), Живковиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Лилиќи (1 к.), Пејиќи (1 к.), Танчиќи (1 к.), Ангелковци (1 к.), Стаменовиќи (1 к.) и Станковиќи (1 к.) сите наведени родови се доселени од околината на Пирот во Србија; Величковци (4 к.), Јовановци (3 к.), Стојковци (3 к.), Стојковци (2 к.), Додинци (2 к.), Јовановци (2 к.), Милковци (3 к.), Митревци (2 к.), Младеновци (2 к.), Ќиревци (2 к.), Тасинци (2 к.), Стојчевци (2 к.), Илевци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Давидковци (1 к.), Антини (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Грујовци (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Маџевци (1 к.), Мичевци (1 к.), Павловци (1 к.), Славковци (2 к.), Стевановци (1 к.), Станисавлевци (1 к.), Стевановци (1 к.), Неделковци (1 к.), Тасинци (1 к.), Трајковци (1 к.) и Стошинци (1 к.) сите се доселени од Кривопаланечко; Момиќи (2 к.) доселени се од Босна; Ѓелевци (1 к.) доселени се од блискотон село Отља; Николовци (1 к.) доселени се од Егејска Македонија.
  • Муслимански родови во селото се: Домовци (8 к.) староседелци се. Порано биле православни, а во ислам прешле на почетокот од XIX век; Шеељарци (25 к.), Цановци (31 к.), Демовци (16 к.), Шабан Демци (23 к.), Муратовци (23 к.), Шурда (28 к.), Тафреч (7 к.) и Суљдер (7 к.) најстари доселени родови. Сите се доселени од северна Албанија. Родот Муратовци ги викале и Торбеши, бидејќи имало призетен некој Торбеш во нивниот род, родовите Демовци и Шабан Демци потекнуваат од ист предок; Куртовци (1 к.) доселени се од селото Коњари во 1900 година, подалечно потекло од северна Албанија; Идризовци (1 к.) доселени се од околината на Призрен во 1915 година, подалечно потекло од северна Албанија; Мустафовци (6 к.) и Алијевци (2 к.) Роми се. Првите се доселени од Куманово, а вторите се со непознато потекло.[11]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Спас“
Археолошки наоѓалишта[12]
Цркви[13]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  3. Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217.
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp.126 – 127.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.
  12. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 213. ISBN 9989-649-28-6.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди