Општина Пробиштип

општина во Македонија

Општина Пробиштипопштина во североисточна Македонија. Позната е по рудникотЗлетово“ и рударско-преработувачката индустрија (батерии исл.). Во 2004 година на општината и беше припоена општината Злетово, која впрочем беше дел од Општина Пробиштип до 1996 година. Градоначалник на општината е Тони Тоневски. Општината Пробиштип се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, во средиштето на Кратовско-Злетовската вулканска и рудна област, во подножјето на Осоговските планини и течението на Злетовска Река. Вкупниот број на жители на општината изнесува околу 16.500, од кои околу 10.000 жители живеат во градот Пробиштип, а останатите во 36-те населби од просторот, кој го носи историско-географското име Злетовска област. Пробиштип, кој го носи епитетот, град на рударите, настанал по завршувањето на Втората светска војна и создавањето на современата слободна македонска држава во состав на тогашната федерална заедница Југославија. Градот се роди и растеше паралелно со развојот и растежот на Рудниците за олово и цинк „Злетово“. Од почетниот период на оформување на малата населба, преку периодот помеѓу 1950 и 1955 година, кога се изградува и плански поставената, а за тоа време и модерно урбанизираната т.н. „рударска колонија“.

Општина Пробиштип
Општина
Знаме на Општина ПробиштипГрб на Општина Пробиштип
Карта
ДржаваМакедонија
РегионИсточен
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија)
СедиштеПробиштип
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникДраган Анастасов
Површина
 • Вкупна325,57 км2 (125,70 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно13.417
 • Густина41/км2 (110/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+032
Регистарски табличкиPS
Мреж. местоprobistip.gov.mk
Карта на општина Пробиштип со селските атари.
Демографска карта на општина Пробиштип со селските атари.

Времето потоа, кога урбанизираната рударска населба полека но сигуно, прераснува во мал, но модерен и современ град, со целосно функционално поставена инфраструктура и значајна економска моќ и стопански развој. Пробиштип во својот максимален дострел, во времето на севкупната експанзија и големи успеси, му овозможи како град и општина да биде најбогат во Македонија, а главен носител на успешниот стопански развој, беа Рудниците „Злетово“ и фабриката за акумулатори „Злетово“.

Средината на осумдесеттите години, за жал беше периодот кога се појавија првите почетоци на криза во работењето, раководењето и производните постигања во Рудниците „Злетово“, а неколку години потоа и во Фабриката за акумулатори. Сеопштата криза во општината Пробиштип кулминираше во перидот на транзиција, времето на себенаоѓањето и опстојувањето на Република Македонија како самостојна и независна држава, криза која му се заканува на Пробиштип и на неговото понатомошно опстојување како град и општина.

Токму поради тоа и почетокот на изградбата на повеќенаменскиот регионален хидросистем „Злетовица“ и сите позитивни трендови на сеопшт развој, кои непосредно или посредно ги отвораат активностите околу изградбата на сите објекти на Хидросистемот, ги враќа надежите на граѓаните на општина Пробиштип, како почеток на остварување на желбата и надежта за поубава и посреќна иднина.

Градот Пробиштип лежи на просечна надморска височина околу 600 метри (Лесново, 950 м) лежи длабоко истакнат на осоговските планини како орловско гнездо

Историја

уреди

Стопанство

уреди

Демографија

уреди

Седиште на општината е градот Пробиштип.

Општина Пробиштип брои 16 193 жители од кои[2][3]

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 12.641 98,66
Албанци 0 0,0
Турци 3 0,04
Роми 20 0,23
Власи 20 0,23
Срби 56 0,55
Бошњаци 0 0,00
останати 26 0,28
Вероисповед Вкупно
православни 16.110
муслимани 49
католици 9
протестанти 4
останати 21
Јазик Вкупно
македонски 16.056
албански 0
турски 3
ромски 20
влашки 23
српски 61
бошњачки 0
останати 30

Општина Пробиштип зафаќа територија од 325,57 км2 и има густина на населеност од 49,74 жители/km2.

Во состав на општинара влегуваат и 35 села: Бунеш, Бучиште, Гајранци, Горни Стубол, Горно Барбарево, Гризилевци, Гујновци, Добрево, Долни Стубол, Долно Барбарево, Древено, Дренак, Зарепинци, Зеленград, Злетово, Јамиште, Калниште, Куково, Кундино, Лезово, Лесново, Марчино, Неокази, Пестришино, Петршино, Пишица, Плешeнци, Пуздерци, Ратавица, Стрисовци, Стрмош, Трипатанци, Трооло, Турско Рудари и Шталковица.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Градоначалник на општина Пробиштип е Драган Анастасов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Пробиштип е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  СДСМ: 7 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 6 места
  Независни: 2 места

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

ФК Рудар (Пробиштип), оформен 1947 година. Има играно во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига).

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. (македонски) (англиски) Попис 2002
  3. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  4. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски

уреди

42°01′N 22°09′E / 42.01° СГШ; 22.15° ИГД / 42.01; 22.15